Буква Д - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Да се биде вооружен


Сонување дека сте вооружени предупредува на кавга со женска личност.

Да се биде мокар

Да се биде мокар во сон предупредува дека некој ќе те посрамоти.

Да се биде нападнат

Да се биде нападнат во сон значи дека ќе доживееш непријатност на јаве.

Да се биде ограбен

Ако ве ограбат во вашиот сон значи дека ќе изгубите драг пријател на јаве.

Даб

Зелен и голем даб, долг живот, благосостојба, еротски и љубовни задоволства; ако прегазите даб: смртен случај во околина; дабова шума: ќе станеш богата личност.

Дабар

Дабар во сонот симболизира труд, работа, упорност и волја.

Давање милостина

Сон во кој давате милостина е многу добар знак.

Давате нешто некому

Ако сонувате дека давате нешто некому тоа означува пријатно изненадување, средба со личност која некогаш многу ви значела.

Давеник

Ако сонувате дека сте спасиле личност којашто се дави значи дека некој ќе ве направи среќен во блиска иднина на јаве.

Давење

Ако сонувате дека давите некого тоа предупредува да се чувате од суд, на граници сте да направите кривично дело.

Дадилка

Ако на сон видите дадилка, тоа предупредува на неприлики во семејството.

Данок

Ако сонувате дека плаќате данок или сметки, тоа е предупредување дека ќе имате големи трошоци.

Даночник

Ако видите даночник во вашиот сон се заканува дека ќе имате непријатна средба, опасноста  ве демне на секој чекор.

Даска

Ако сонувате дека редите даски на куп тоа значи дека ве очекува свадба или кумство, додека ако стругате даска тоа предупредува на смртен случај.

Даска за WC школка

Кога сонувате даска за WC школка можеби сметате дека вашите претпоставени и шефови ве потценуваат.

Даска за пеглање

Доколку сонувате даска за пеглање тоа значи дека обврските ве преоптовариле до таа мера што не знаете каде ви е главата.

Даска за сурфање

Ако на сон користите даска за сурфање тоа имплицира дека сте подготвени да прифатите секаков предизвик кој животот ќе ви го понуди.

Датум

Ако читате, пишувате или се расправате за датум на сон тоа значи дека ве очекува важен настан.

Двобој

Ако имате двобој со некоја личност или ако гледате двобој тоа предупредува дека ќе се најдете во животозагрозувачка опасност, расправија, судење, раздор помеѓу пријателите.

Двоглед

Ако видите двоглед на сон тоа значи дека надежите полека но сигурно ќе ви се исполнат.

Двор

Ако чистите двор тоа значи кавга, озборување, а ако видите значи деловен успех.

Дворец

Ако сонувате тоа значи дека желбата нема да ви се исполни, ако се наоѓате внатре значи среќа, напредување во служба.

Дебел човек

Дебел маж на сон значи мрзеливост, дебела жена значи дека комшиите ве озборуваат, дебео дете значи дека ќе имате многу деца.

Девер

Ако станете девер значи дека ве очекува принова во домот, раѓање на дете.

Девојка

Ако ја бакнете: наскоро на јаве, среќа; девојка која плаче: ќе бидете изневерени; убава, млада, чесна: среќа; љубовно доживување со невина девојка: беда, проклетство; грда: срамота, срам.

Дедо

Ако го сонувате вашиот дедо значи дека ќе имате долг живот.

Дезертер

Ако сонувате воен бегалец тоа може да биде предупредување дека ќе ве снајде срам поради кукавичлук, размисли пред да донесеш одлука.

Делфин

Ако сонувате делфин значи дека ќе почине личноста која ја сметате за свој заштитник.

Дерете кожа

Ако дерете животинска кожа во сон тоа значи дека мислат дека сте скржава личност.

Дете

Ако храните: семејни грижи; ако се игра: среќа, семеен мир; ако се играте со деца: среќа во бракот; ако добиете дете: имате добри пријатели; туѓо дете: вербално недоразбирање со пријателите.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg