Буква Д - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com - Results from #30

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Детектив


Ако видите детектив на сон тоа значи дека треба да се чувате од ситни кражби, измами, малверзации.

Детелина

Обична детелина означува среќа во бракот и љубовта; со четири листа значи дека премногу сте самоуверен или самоуверена.

Дефект на гума

Ви се заканува проблем кој произлегува од љубомора.

Дива патка

Ако сонувате диви патки значи дека ви претстои помала загуба.

Дива свиња

Значи дека ќе доживеете некоја непријатност, страв на јаве.

Дивеч

Ако видите дивеч на сон тоа значи дека ви претстои патување; ако ловите означува мала љубовна авантура; за некого симболизира несреќа.

Диви животни

Во кафез: посилни сте од вашите противници, љубовни победи.

Дијамант

Ако најдете: ќе слушнете радосни вести; ако изгубите: имате пријатели во сиромаштија, несреќа; ако имате: ќе страдате поради вашата добрина; ако видите: чувај се од сомнителни луѓе, сиромаштија.

Дијамантски прстен

Доколку на сон добивате дијамантски веренички прстен тоа може да укажува на благосостојба во семејството.

Дијареја (пролив)

Ако сонувате дека имате дијареjа значи дека се расправате во домот. 

Диња

Кога сонувате дека јадете диња, тоа многу често значи дека имате претерана потреба за телесни задоволства. Ако видите диња на сон тоа значи копнеж.

Добивка на лотарија

Означува дека ќе доживеете успех во брачните или вонбрачните врски.

Добиток

Слаб добиток предупредува на несреќа, загуба, додека нахранет добиток значи дека ве чекаат пријатни искуства.

Добродетелство

Ако направите некому: конечно ќе направиш нешто за својата благосостојба; тебе ако ти направат: ќе сретнеш личност која ќе ти стане поддршка во животот.

Додворување

Додворувањето во сон значи дека наскоро сите овци нема да ви бидат на број.

Доење

За немажени и неженети значи брак во скоро време, за венчаните благосостојба и среќа.

Дожд

Ако наврнете: болест, загуба; ако гледате како паѓа: добивка; ако врне силно: штета, измама, беда.

Доилка

Ако на сон видите доилка тоа значи дека ќе чуете непријатни вести.

Доктор

За болните значи заздравување; за здравите: да чуваат деловна тајна, болест; разговарање со доктор: вашата желба нема да се оствари.

Документи

Ве очекува наследство на кое никој не се надевал.

Долари

Или некоја друга странска валута означува среќа во работата.

Долгови

Ако правите долгови тоа значи дека ќе живеете на туѓа пот; ако исплатите долг тоа предупредува на болест, неволја.

Должник

Ако сонувате некој ваш должник тоа значи дека сте неискрена личност која си ги изневерува пријателите.

Долина

Ако сонувате долина тоа значи дека имате неостварени желби.

Долна облека

Валкани алишта во сон означуваат кавга, загуба; чистата облека го симболизира љубовното доживување; нови: средба со стари пријатели; перење алишта: ќе имате мали непријатности, озборувања.

Дом за деца без родители

Ако сонувате дека волонтирате во дом за деца без родители тоа значи дека пријател ви се наоѓа во неволја.

Дом за стари лица

Ако на сон помагате на стари и изнемоштени лица тоа значи дека ќе помогнете некому.

Домат

Консумацијата на домати во соништата укажува дека ја криете љубовта од другите луѓе.

Домино

Ако играте значи дека лажете помалку.

Дрва

Подредени дрва значи богатство; распослани: значи расправа со блиска личност, ако цепите дрва тоа значи дека ве очекува тешка работа.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg