Буква И - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Игла


Ако најдете: лоши вести; ако изгубите: разделба со драга личност; ако вденете конец во игла: ќе се најдете во непријатна положба; ако шиете: непријатност на работното место; ако се боцнете: ќе имате немирна совест; повеќе игли: голема расправија; ако скршите: жал.

Играчки

Ако сонувате дека купувате играчки значи грижи, а ако ги видите значи дека ќе имате принова во домот.

Иднина

Ќе ви се случи неочекувана промена во животот.

Избегнување

Предупредува дека ви претстои непријатна средба.

Избори

Ако сонувате дека сте поразени на избори можно е да направите голема грешка на работа поради која ќе ви биде многу срам. 

Извор

Бистар извор: голема радост, среќа; матен: пропаднати надежи, несреќа, немаштија, болест; ако пиете вода од извор: искористете ја шансата, намалете ги потребите, добро здравје; пресушен извор: загуба, несреќа, војна.

Изјавување љубов

Изјавување љубов во сон значи дека ви претстојат пријатни моменти, среќа.

Излет

Предупредува да се тргнете од  таканаречени пријатели.

Излог

Ако видите излог во сонот предупредува на болест во домот, не ги сфаќате туѓите проблеми.

Изложба

Ако разгледувате изложба советува дека скромноста води кон успех.

Измама

Ако сонувате дека сте измамени значи дека мора да бидете повнимателни и претпазливи.

Измамник (хохштаплер)

Кога сонувате измамник, тоа значи дека ве чекаат проблеми, срам, кавги во куќата, проблеми на работа.

Измет

Човечки – ако видите предупредува дека лоши луѓе ја очекуваат вашата пропаст; нечии: добар знак; ако паднете во измет: напредок, добивка.

Изненадување

Ако се изненадите значи дека ви претстои мала штета поради расправија, а ако изненадите некого значи дека ќе ви се исполнат интимните желби.

Икање

Ако сонувате икање значи дека некој ќе ве понижи на јаве.

Икона

Ако видите: лутина, напорна работа, ако виси на ѕидот: чест, среќен брак; ако симнувате: смрт во семејството.

Имот

Ако наследите: среќна женидба/мажачка; ако изгубите: ќе слушнете лоши вести; ако купите: расипништво води кон пропаст; ако продавате: некој ве поткраднува.

Инвалид

Ако сте инвалид во сон значи дека после возбуда следи смирување. Доколку видите инвалид тоа предупредува на несреќа која ве очекува зад грб.

Индијанец

Ве очекува некоја опасна авантура.

Инсекти

Ако видите инсекти во сонот тоа предупредува дека ќе претрпите големи загуби во бизнисот.

Искачување

Ќе ја достигнете целта; пад при искачување предупредува на проблеми, грижи, маки, неволји.

Исмевање

Значи дека ве очекуваат непријатности, проблеми.

Испит

Ако сонувате испит значи дека напорите ќе ги крунисате со голем успех.

Исплата

Предупредува на расправија со пријателите.

Исповед

Ако се исповедате во сон значи дека ќе почнете да се грижите за неволјите во коишто сте западнале во областа со која се занимавате.

Испраќање

Значи дека ваша скромна желба ќе ви биде исполнета.

Италијанци / Италија

Ако видите Италијанец или Италија во сонот значи дека ви претстојат денови исполнети со многу задоволства.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg