Буква Л - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com - Results from #30

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Лимар


Мала корист од пријатели во реалноста.

Лимета

Гледање лимета означува потешкотии на деловен план, јадење лимета означува  потешкотии на љубовен план.

Лимон

Ако гледате лимон во сон значи дека ќе чуете радосни вести, помала добивка.

Липа

Гледање: безгрижна иднина, среќа; качување на неа: желбата ќе ти се исполни;  берење цвет од липа: бакнување.

Лисица

Гледање: ќе разоткриеш лажен пријател; фаќање: ќе ве измами личноста на која ѝ се се додворуваш; убивање: ќе се ослободиш од беда или опасност.

Лисици на раце (окови)

Сонување дека имате лисици на рацете значи дека вашата совест не е чиста.

Лисја

Зелено: пукаш од здравје; суво: ќе добиеш подарок; некому: болест, тага; паднато: жал поради разделба.

Литија

Гледање: грижи, загуба; учествување: животот ти влегува во посреќни води.

Лифт

Гледање лифт во сон означува дека некој ќе ти помогне во неволја.

Лице (своето)

Нормално: болест; бледо: изложен си на голема опасност; грдо или остарено: големи грижи; убаво или разубавено: среќен брак; насмеано: љубовна среќа; криење на лицето: лош глас; гледање во вода: долг живот и углед.

Лицитација

Лицитација во сон значи зло за задолжениот, и добар знак за оној што не должи.

Лов

Ловење нешто: среќа на лотарија; враќање од лов со празни раце: разочарување, опасност, ситни измами.

Ловење

Ловење во шума значи здравје, а на поле значи дека те чекаат проблеми во реалноста.

Лоз (грепка)

Кувањето лоз во сон означува загуба, додека пронаоѓањето значи добивка на лотарија.

Локомотива

Гледање: ќе ја побараш среќата далеку од дома; да одекне: опасноста е во близина.

Лонец

Мал: благосостојба; голем: ќе се караш со деловен партнер; кршење на лонец: лутина, кавга, инает; празен: ќе се разочараш; полн: ќе ти стане неподносливо на работа.

Лопата

Ако видите: ти претстои тешка работа. Ако копате со него: љубовно освојување.

Лотарија

Лотарија во сон предупредува да внимавате затоа што вашата позиција е разнишана во реалноста.

Лубеница

Бидете повнимателни при изборот на пријатели; залудни љубовни желби, љубомора.

Лудница

Гледање: болест; да сте во неа: работите ќе ти тргнат надолу.

Лук

Ви претстои период полн со просперитет и сигурност.

Лулашка

Лулашка означува дека ве очекува кратка радост, добри вести.

Луле

Ако пушите луле на сон тоа ве предупредува на јаве се претворате во ситничар; ако го видите симболизира мир и задоволство во куќата.

Лумпување

Сонување дека лумпуваш предупредува да внимаваш да не станеш скржав.

Лупите јајце

Tреба да бидете трпеливи за да го добиете она што го сакате.

Лупите овошје/ зеленчук

Веројатно ќе вложите многу пари или време во нешто што воопшто нема да ви биде од корист.

Лустер

Вклучен, осветлен лустер во сон значи дека ве очекува радосен настан во домот, додека исклучен, предупредува на неизвесни и несигурни работи.

Лутање

Во град: полека, но сигурно ќе ја завршиш работа што е започната одамна; надвор од град: залуден е целиот вложен труд, секакви изненадувања; во шума: се враќаш од спореден пат, ново познанство; во поле: измама, беда.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg