Буква Н - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Награда


Добивање награда во сон значи дека ќе имате мали трошоци, а давање награда ве предупредува дека ви поставуваат стапица.

Надгробен споменик

Гледање надгробен спомени во сон значи дека ви претстои жал.

Најденче

Сонување најденче предупредува на неверство во бракот.

Накиснати

Во сон, да се биде накиснат предупредува дека ве очекуваат болести, загуби, грижи.

Накит

Купување: ќе влезеш во долгови, кавга; наоѓање: биди штедлив па ќе успееш; добивање: ќе те вовлечат во нечесна работа; губење: ќе претрпиш некоја штета, болест; подарување: имаш среќна рака во работата; китење со накит: празни желби.

Намигнување

Намигнувањето во сон значи дека некого ќе израдувате.

Нане

Доколку во сон берете нане, можно е да запознаете личност која ќе ве воодушеви со своите ставови.

Наоѓање (нешто)

Наоѓање нешто во сон се заканува дека не очекуваш ништо добро.

Напрсток

Обичен напрсток во сон значи болест во домот, лутина, додека сребрен значи живот без пречки, среќен брак.

Нараквица

Гледање: премногу си скромен, непотребни трошоци; носење: ќе добиеш подарок, пријатна посета; златна: непосредна радост, богатство, чест.

Нарилник

Внимавај што зборуваш на јаве, не ги доверувај своите тајни секому.

Наркотици (дрога)

Земање наркотици: болест, несреќа; гледање други како земаат: некој ја очекува твојата помош, проблеми во друштвото; гледање наркотици: пријателите ве озборуваат; гледање наркоман или неколку наркомани: премногу им верувате на луѓето.

Насип

Гледање: некому ќе му се довериш; правење насип: упорноста води кон успех; рушење: имај повеќе самодоверба; одење по насип: ти доаѓаат безгрижни денови.

Наследство

Очекување: ќе се ослободиш од грижите и неволјите; добивање: сиромаштија; губење: смртен случај.

Наставник

Ако го видите: ќе страдате поради непромисленост; ако разговарате со него: вашите можности се нормализираат.

Научник

Ако сте сонувале научник или дека вие сте научник, тој сон означува дека ви е битно нечие мислење. Може да значи и дека нема да напредувате во кариерата.

Небо

Ведро: успех во работата, среќни моменти; облачно: несреќа, болест, пречки, опасност; розово: голема добивка, радост; црвено: кавга, пропаст.

Невеста

Гледање: радост, среќа; бакнување: веселба на свадба или крштевање; играње со невеста: брак во блиска иднина; водење до олтар (матичар): ќе ти се исполни желбата.

Невидлив

Да се биде невидлив во сон значи дека имате залудни надежи, а справувањето со невидливи суштества ве предупредува да не се збунувате.

Невработен

Успех во коцкање и игри на среќа.

Невреме

Ако сонувате бура предупредува дека несреќата е неизбежна, болест, расправија; ако претрпите штета од невреме значи дека ќе успеете со големи тешкотии.

Нем човек

Да се биде нем во сон предупредува на понижување, а гледање нема личност дека ви следува награда, позиција.

Немаштија

Ако страдате од немаштија во сон значи дека вашата добрина ќе биде наградена, доаѓаат подобри времиња за вас.

Непознати луѓе

Гледањето непознати луѓе во сон предупредува дека ти претстојат грижи.

Непријател

Ако го гледате: желбата ќе ти се исполни; среќавање: неочекувани тешкотии и грижи; ако го победите: сè е добро кога добро ќе се заврши!

Нерасположение

Да се биде нерасположен во сон значи дека ќе добиеш лоши вести.

Несвестица

Паѓање во нессвест предупредува да се откажете од започнатата работа, загуба, а да гледате друг во несвест значи дека среќата ви се насмевнува.

Несреќа

Доживување несреќа во сон значи дека пријател ќе ве утеши.

Нешто крваво

Да се ​​биде крвав во сон предупредува на опасност, кавга, лутина, понижување.

Нешто палите/горите

Ако горите во сонот тоа значи дека ве очекува беда, сиромаштија.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg