Буква П - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com - Results from #60

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Пламен


Носење: среќата ви е целосна; гасење: вие сте виновни за крајот на љубовта и среќата.

План (нацрт)

Плановите во соништата значат дека вашите напори ќе се исплатат.

Планина

Планина во соништата симболизира промена на деловен план; ако се искачите, спуштате: потешкотии, патување без ваша волја; во магла: ве чека тешка неизвесност.

Планови

Плановите во соништата значат дека вашите напори ќе се исплатат.

Плата

Ако сонувате дека сте примиле плата значи загуба, грижа.

Плаќање

Ако сонувате дека плаќате сами значи беда, сиромаштија; ако видите дека некој друг плаќа симболизира добивка на јаве.

Пливање

Ако пливате во чиста вода: безгрижен живот; во матна вода: грижи, страв, немир; ако пливате безуспешно или тонете: несреќата е на вашиот праг.

Плукање

Ако плукнете некого или вас ве плукне некој значи дека ќе чуете добра вест на јаве, вашата среќа се насмевне.

Плускавец

Ако сонувате дека имате плускавци, предупредува на кавга во куќата, болест, ако сечете плускавец значи дека ќе имате кратка пауза од работа.

Поводник

Толкувањето на соништата со овој мотив зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и чувствата кои сте ги имале на сон. Можно е да сте чувствувале немоќ и тежина.

Повраќање

Сонување дека вие повраќате е добар знак за бизнисот; ако повраќате по себе претставува жал за навреда што сте ја нанеле на блиска личност.

Повреда

Ако сонувате дека сте се повредиле ве предупредува на болест, загуба на јаве.

Погача

Погача во сон предупредува дека е можна кавга, расправија, неуспех, краткотрајна веселба.

Погреб

Драги луѓе: очекувајте ментални страдања; непознати лица: наследство, брак; да го сонувате својот погреб: ќе завршите во затвор, штета.

Погребување

Ако сонувате дека сте закопани живи, предупредува дека ќе завршите во затвор.

Подарок

Ако примите подарок на сон означува неволја во љубовта, а ако давате подарок означува расправија во куќата.

Подрум

Полн: благосостојба; празен: залудно трошите пари и имот, срам; со пијалaк: ќе имате минливи кавги и проблеми; ако паднете во подрумот: голема неволја.

Пожар

Ако видите пожар во вашиот сон предупредува на штета, болест; Ако го гаснете пожарот означува успех во љубовта, радост во куќата.

Пожарникари

Ако видите пожарникари во сон значи дека вашите надежи ќе бидат исполнети за краток временски период.

Позајмување пари

Доколку на сон некому давате пари, во смисла враќање на долг, тоа значи дека ќе имате прилика да се ослободите од проблемите со финансиите кои веќе долго време ве мачат.

Познаник

Ако сонувате дека сте сретнале познаник значи дека ќе имате љубовна авантура која долго сте ја чекале.

Појадок

Ако сонуваш дека појадуваш тоа предупредува дека треба да станеш посериозен на работа!

Поле

Ако сонувате дека одите на поле, значи дека ќе му одолеете на искушението.

Полжави

Ако видите полжави во сон симболизира срам; ако јадете: силно искушение; ако собирате: стојте подалеку од сомнителни луѓе.

Политика

Ако сонувате дека водите политика значи дека ќе измамите некого или ќе бидете измамени, кавга во друштвото.

Полиција

Ако видите полицијата во сон предупредува на грижи, суд, проблеми во најава.

Полови органи

Големи грижи и потешкотии на повидок, несигурност во себе.

Помирување

Ако се помирите со саканата личност значи радост; со пријател: кавга; со непријателот: необичен настан ќе ве возбуди; со брачниот другар: ќе доживеете срам, лутина, бес.

Поп (свештеник)

Еден поп: наскоро ќе имате некои непријатности; повеќе попови: откажете се од вашите срамни намери, долг, но грижлив живот; ако разговарате со нив: вардете се од измами.

Поплава

Ако видите поплава во сонот предупредува на семејна расправија, несреќа, загуба, грижи. Ако сте преплавени во сон, тоа значи дека сте пред победа, ве очекува плодна година.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg