Буква Р - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Радост


Конечно ќе добиеш заслужено признание; некому: непријатни вести, грижи.

Разбојник

Се наоѓате во опасност за која не сте ни свесни; да се биде водач на банда: недостиг на иницијатива; нападнат од бандит: ќе доживеете страв, проблеми со варењето на храната.

Развратничка

Чувајте се од подмолност и злоба, околу вас има нечесна и злобна личност, срам.

Разделба

Разделба од некого: ќе жалиш за некого, мало наследство; гледање разделба: ќе имаш финансиски загуби на работа.

Рај

Сонување дека сте во рајот означува дека на јаве ќе добиете заштита кога ќе ви затреба.

Ракави

Цели ракави во сон симболизираат загуба на коцка; искинати, валкани означуваат добивка; кратки ракави означуваат лутина кон блиските луѓе; долги  симболизираат напредок на работа.

Ракавици

Гледање нови ракавици во сон значи дека ве очекува пријатно изненадување, додека стари ракавици симболизираат принуда, недостиг.

Ракета

Сонување ракета предупредува да бидеш внимателен, противниците се закануваат.

Ракија

Печење: успех во домот; пиење: добри и радосни вести; продавање ракија: кавга.

Ракови

Фаќањето ракови во сон предупредува дека ќе се уназадите, опкружени сте со лажни пријатели, ве следува расправија, додека јадење ракови означува среќа во сè.

Расипан заб

Лоши и расипани заби во сон значат дека ќе доживеете мал неуспех на работа.

Раскрсница

Ако гледате крстопат во сон значи дека сте неодлучни, побарајте совет од блиска личност на која ѝ верувате.

Раце

Валкани раце во сон предупредуваат дека пријателите ти се неискрени; чисти раце значат дека некој те озборува; миење раце означува крај на твоите грижи; губење на  рацете предупредува на смрт на најблиските.

Риба

Фаќање со рака: измама, разочарување, лутина; риболов: неуспех во љубовта, љубомора, жал, нови пријатели, неисполнети желби; гледање други како ловат: предавство; мали риби: проблеми во домот; големи риби: ќе претрпиш штета; јадење риба: среќа во коцка.

Рибарска мрежа

Гледање: кавга, ситни несогласувања, тешки времиња; гледање дека платат мрежа: внимавај да не те фатат на дело, не се јаде сè што лета.

Рибизли

Црните рибизли во сон укажуваат дека некој план нема да ве успее.

Риболов

Ако сонувате риболов е предупредување дека се троши време на бескорисни работи, опасност од невнимание.

Риболов со бучка

Со прекумерна агресија нема да дојдете целта.

Ритче

Стоење на ритче: триумф над противниците, успех; пошумено: некој ти е неверен; рид со дворец-куќа: богатство.

Рогови

Гледање рогови во сон предупредува дека ве очекува разочарување во љубовта, измама.

Роденден

Славење свој роденден симболизира длабока старост, а туѓ роденден симболизира голема радост и задоволство.

Родители

Сонување здрави родители: среќа; болни: проблеми и неволји те чекаат наскоро; сонување дека родителите се мртви: подобрување на материјалните можности.

Роднина

Гледање роднина во сон предупредува да не веруваш многу во ветувања.

Розова боја

Кога во сон ќе видите розова боја, тоа симболизира секс, страстна желба и скриена страст.

Роса

Роза во сон симболизира љубовна среќа, здравје на јаве.

Рудар

Гледање рудар во сон предупредува дека ќе слушнете неповолни вести, ви претстои  тежок животен период.

Рудник

Рудник во сон симболизира венчавање, зголемување на имотот или на семејството.

Ружа (роза)

Црвена: искрено сте сакани; жолта: љубомора; бела: ќе добиеш подарок; пупка: несреќна љубов; мирисање ружа: ќе пропуштиш добра прилика; добивање ружа како подарок: верност во љубовта; берење ружа: свадба, веридба.

Рузмарин

Гледање рузмарин во сон значи дека околината ќе те цени; ако се китите со него означува жал поради разделба.

Румени образи

Доколку на сон ви се црвени образите тоа значи дека на јаве сте се посрамотиле. 



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg