Буква С - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Саат будилник


Ако видите саат будилник во сон значи задоволство, а ако го слушнете како ѕвони ве предупредува да бидете внимателни.

Садови (кујнски)

Доколку сонувате валкан кујнски прибор предупредува на расправија во куќата. Чистите садови се симбол на мир и хармонија, а нивното кршење предупредува на низа непријатности.

Саем

За невенчани парови, овој сон означува дека во блиска иднина ги очекува свадба, а за оние кои се во брак, истиот значи непријатно друштво.

Салама

Ако видите салама во сон значи несреќи на патот, а јадењето салама предупредува на расправија со драга личност.

Салата

Ако видите салата во сон симболизира залудни надежи, љубовни искушенија, додека јадењето салата предупредува на полесна болест.

Самовила

Ако видите самовила во сон значи дека наскоро ќе имате веридба, среќа, необично искуство, можна венчавка.

Самоубиство

Ако видите самоубиство значи дека ќе се најдете во непријатна ситуација, а ако се случи тоа, тоа значи дека злото ќе ве обземе по ваша вина.

Сандак

Полн сандак значи дека некој ќе ви каже тајна, празниот е симбол на кавга, грижа, а носење сандак во сон значи привремени тешкотии.

Санка

Ако видите санки во сонот предупредува на непријатно изненадување, измама, проблеми, грижи кои ќе ви се случат на јаве.

Сапун

Ако сонувате сапун значи дека ако ја избегнете стапицата, ќе доживеете успех.

Сарма

Ако сонувате дека јадете сарма значи дека ќе живеете долго.

Свадба

Ако присуствувате на туѓа венчавка: за слободните лица означува брак, за венчаните брачна кавга или развод; ако ја видите свадбата: пречки во животот, загуба, љубомора; некому: добар знак; ако играте или пеете на свадба: сте привлекле нечие око, радост, веселба.

Свадбено патување

Во сон означува среќа која е од краток век.

Сведок (сведочење)

Ако сонувате дека сведочите значи да ја докажете својата невиност.

Свекор (свекрва)

Ако ги видите во сон значи расправија во куќата.

Светилник

Пазете се од непромислени постапки, бидејќи секоја грешка скапо ќе ве чини.

Светски чуда

Кога на сон ќе ја видите Кеопсовата пирамида тоа значи дека трудот, работата и упорноста ќе ви се исплатат.

Свеќа

Ако гори: среќа, љубов, пријателство; изгасната: погреб, сожалување, тага; ако ја изгаснете свеќата: вашата желба ќе остане неисполнета; ако купите: тага.

Свеченост

Ако сонувате свеченост значи дека доаѓаат ваши драги гости.

Свиња

Со прасиња: добивка, здравје; без прасиња: лага, срамота; заклана свиња: грижа.

Свирачи

Ако слушате свирачи во сон симболизира нова љубов.

Својата куќа

Ако си ја видите сопствената куќа во сонот значи дека се чувствувате сигурно, безгрижно, додека ако продавате предупредува на трошоци, финансиски загуби.

Седло

Ако видите седло во сон значи среќа во игри на среќа, лесна заработка.

Секира

Ако видите секира во сонот тоа симболизира среќа, задоволство, ако сечете со секира предупредува на болест, загуба, мали проблеми.

Секс

Ако се сонувате себеси во сексуален чин: во реалноста сте слабо активни на тоа поле. Секс со сопруг/сопруга значи дека сте незадоволни од врската. Секс со друга личност значи дека ќе имате кратка врска. Ако гледате како другите имаат секс значи дека вашата срамежливост ве спречува премногу во многу ситуации.

Селидба

Грижи, сиромаштија.

Село

Ако видите село во сонот ве предупредува да се вардите од деловните партнери.

Семе

Ако сонувате семе, тоа симболизира успех, добивка, ве чека здравје.

Сено

Ако сонувате сено значи мизерија, сиромаштија, лежење на сено симболизира радост, задоволство, здравје.

Сестра

Ако ја видите вашата сестра во сон значи дека ќе добиете подарок, а ако сонувате дека починала симболизира радост во семејството.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg