Буква Ф - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Фабрика


Ако сонувате фабрика тоа значи дека ќе доживеете успех на работа, неочекувана добивка.

Фазан

Фазан на сон значи пријатно изненадување.

Факел

Да гледате: признание, успех во акција, среќни настани; да носите: обострана љубов, среќа; кој гори: успех на работа, успех во љубовта; изгасен: неуспех, разочарување, пропаст.

Фалсификување

Ако фалсификувате нешто во сон тоа значи дека се занимавате со нечесни работи, суд, проблеми со законот.

Фармацевт

Потсвеста ви говори дека премногу труд сте вложиле во нешто што не ви донесува задоволство на емотивен и професионален план.

Фенер

Фенер предупредува дека соседството ви подготвува нешто против вас, бидете внимателни.

Фијакер

Ако видите фијакер во сонот значи дека ве очекува патување, многу радости.

Филм

Ако сонувате дека гледате филм тоа значи дека ќе заминете на патување, додека во друштво предупредува на неверство во љубовта.

Флертување

Ве очекува среќа, радост во деновите кои следат. 

Фотограф

Ако видите фотограф на сон тоа значи дека ви претстои женидба/мажачка.

Фрижидер

Полн фрижидер на сон значи дека треба да бидете поумерени во јадењето и во пиењето, додека празен значи дека залудно си го трошите времето.

Фризер

Ако сонувате фризер тоа значи дека ве очекуваат големи издатоци на јаве.

Фризерка

Фризерка во сонот означува покана на свеченост, љубомора.

Фризерски салон

Кога во сонот ќе видите фризерски салон тоа е порака дека својата креативност треба да ја насочите кон нешто што ќе ви донесе пари, а не само уживање.

Фрлање

Како фрлате ѓубре: се уверивте во неискреност на блиска личност; пари: не сте сигурни во себе.

Фрлање ѓубре

Се уверивте во неискреност на блиска личност.

Фрлање пари

Кога сонувате дека фрлате пари, тоа значи дека не сте сигурни во себе.

Фрлање храна

Ако во сон фрлате храна, тоа значи дека се плашите од беда и сиромаштија.

Фудбал

Ако гледате спортски натпревар во сонот тоа предупредува дека лековерноста би можела да ви донесе големи неволји;  ако учествувате значи дека нема да бидете задоволни со она што го имате.

Фудбалер/ка

Доколку во сонот видите фудбалер веројатно ќе остварите успех за кој сите ќе ви честитаат.

Фустан

Ако сте убаво облечена во фустан: пријатен и среќен живот; ако облекувате фустан: ново пријателство; шарен фустан: авантура на патување; бел: чест; црн: жална и тажна вест; скапоцено украсен: ќе доживеете среќа и чест; нов: нови љубовни врски; стар: опасност од пожар; искинат: кавга; ако шиете фустан: ќе бидете наградени за вашата работа; ако перете фустан: вашата желба ќе биде исполнета; долен фустан или долна облека: среќа во љубовта.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg