Буква Ч - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Чавки


Ако сонувате чавки тоа значи дека ќе изгубите почит и авторитет кај помлади личности.

Чад

Вербално недоразбирање со пријателите; ако излегува црн чад: несреќа; ако излегува бел чад: некој ќе ви укаже чест; ако ти ги пече очите: непријатно доживување.

Чадор

Ако сонувате чадор значи дека другите ќе ја злоупотребат вашата добрина.

Чај

Ако сонувате дека пиете чај значи дека ќе се најдете во симпатично друштво.

Чакал

Ако сонувате чакал значи дека ќе се збогатите.

Чамец

Ако се возите во чамец тоа значи дека на јаве ве привлекува нова љубов; Чамец кој пропушта вода предупредува на болест, непријатности; ако паднете од чамец во вода значи загуба на коцка.

Чаршаф

Ако сонувате чаршаф тоа предупредува на помала болест во куќата која брзо ќе помине.

Часовник

Скап часовник: внимавајте на имотот; ако го навивате: наскоро љубовна авантура; ако купите или добиете: интересни вести; ако слушнете отчукување на часовникот: несреќен случај.

Часовничар

На сон ќе прифатите некоја многу деликатна задача.

Чаша

Полна: некој посакува да ве види, добри вести; празна: се подготвуваат да ве измамат, неочекувани гости; ако скршите чаша: некој ви работи зад грб, смрт; златна: унапредување на работа.

Чевли

Ако ви се неудобни чевлите на сон тоа предупредува на расправија во бракот.

Чекална

Ако сонувате дека сте во чекална тоа значи дека околината ја злоупотребува вашата добрина.

Чекан

Ако видите чекан на сон тоа значи дека слабо го ценат вашиот труд, угнетување на работа.

Чекање

Ако сонувате некого тоа значи дека ќе добиете пријатни вести, ви следат љубовни уживања.

Чепкалка за заби

Ако видите чепкалка на сон тоа предупредува дека сите не ви мислат добро, доверувајте се само на блиски пријатели.

Честитање

Ако дадете честитка на сон тоа е симбол за забава и веселба, а ако ја примите тоа значи дека желбата нема да ви се исполни, некој ве озборува.

Честиткa

Ако дадете честитка на сон тоа е симбол за забава и веселба, а ако ја примите тоа значи дека желбата нема да ви се исполни, некој ве озборува.

Четка

Ако видите четка тоа предупредува на расправија во куќата; ако се четкате значи дека ќе имате неочекувани гости.

Четка за ве-це школка

Доколку на сон видите или користите тоалетна четка тоа имплицира дека премногу се грижите за тоа што мислат луѓето за вас.

Четка за заби

Ако сонувате четка за заби, значи дека ќе имате здравствени проблеми поради неуредност.

Четка за сликање (кист)

Сон во кој гледате четка за сликање ја претставува вашата креативност.

Четка за чевли

Кога на сон ќе видите четка за полирање тоа значи дека ја имате поддршката од семејството за некоја важна задача што планирате да ја направите.

Четка за шминка

Ако на сон користите четка за шминка тоа имплицира дека сте неискрени кон лицата што ги сакате. 

Чешел

Сонувањето на чешел значи кавга, озборување, лоши вести, инает.

Чешлање

Ако се чешлате на сон значи дека имате оправвдани грижи, ќе ве излаже некој во кој сте верувале. 

Чешма

Ако одите на чешма на сон тоа значи дека имате среќен брак или врска, ако пиете од чешма – очекувајте признание, добивка.

Чибук

Ако пушите чибук на сон тоа ве предупредува на јаве се претворате во ситничар; ако го видите симболизира мир и задоволство во куќата.

Чивија

Ако сонувате чивија тоа значи дека ќе бидете унапредени на работа.

Чизми

Ако видите: не пребирајте работа, немаштија; ако ги навлекувате: успех во работата или во љубовта; ако ги соблекувате: смртен случај во околината; нови: радост, среќа, стари: бега, загуба; валкани: некој тешко ќе ве обвини.

Чинија

Полна чинија на сон симболизира гозба, додека празна предупредува на неочекувана расправија со драга личност.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg