Буква Ш - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Шајки


Грст шајки во сон означува подобрување на приликите, исполнување на надежта; ако вадите шајки на сон значи дека ќе дознаете голема тајна; стари `рѓосани шајки предупредуваат дека куќата ви е во опасност; ако ковете шајки значи дека ќе се спасите од опасноста на јаве.

Шал

Ако видите шал во сонот предупредува дека сте во опасност од несреќа.

Шамар

Ако сонувате дека удирате шамар тоа значи дека ќе имате работа со судот. Ако добивате тоа е предупредување дека некој ќе ве обвини иако сте невини.

Шампањ

Пиењето на шампањ во сон симболизира краткорочна среќа во реалноста.

Шатор

Ако сонувате шатор значи дека ве очекуваат возбудливи настани, промена на живеалиштето.

Шах

Играњето шах во сон предупредува на загуба во игрите на среќа; ако гледате како играат други луѓе, ве советува да не се грижите за другите.

Шверц

Во сонот значи дека на јаве ве очекува покана за на свадба.

Шега (шегување)

Шегата во сон ве предупредува да бидете внимателни што зборувате во општеството. Вашите зборови може да бидат погрешно протолкувани.

Шетање

Ако се шетате сами во сонот значи дека ве очекува среќа и радост.

Шеќер

Ако јадете шеќер во вашиот сон значи дека сте опкружени со неискрени луѓе; ако гледате и купувате шеќер значи дека некој тајно ве сака.

Шешир

Нов шешир означува престиж; стар предупредува на нарушување на угледот, озборувања; губењето шешир значи дека ќе ги изгубите добивките.

Шинтер

Шинтер  во сонот предупредува на штета којашто ќе биде предизвикана од туѓа вина, кавги.

Шипка (шипинка)

Ако берете шипка значи дека некој ќе ве засака.

Шира

Му завидувате на некого поради неговите успеси на љубовен план.

Шишарка

Ако сонувате шишарка значи дека во скоро време ви претстои богата женидба/мажачка на јаве.

Шише

Полно со нешто: ќе ве наклеветат; со вино: задоволни часови; празно: неволја, прибирање на јазикот; големо: ќе западнете во долгови; мало: големо изненадување.

Школки

Ако сонувате школки потсвеста ве советува да бидете умерени во трошоците кога ќе се разбудите.

Школски ранец

Кога на сон ќе видите чанта или ранец на некој ученик тоа значи дека ќе треба уште многу труд и работа за да го постигнете посакуваниот успех.

Шлем

Ако сонувате шлем значи дека ќе добиете помош кога ќе ви биде потребна.

Шминкање

Ако се шминкате во сон предупредува дека на јаве претерувате со самофалбите.

Шофер

Блиску сте до остварување на професионалните цели.

Шпион

Ако сонувате дека сте шпион значи дека ќе ви биде доверена одговорна задача.

Штала

Ако сонувате штала на сон тоа значи дека наскоро ќе се ослободите од грижи, ве очекува богатство.

Штедилница

Ако сонувате штедилница значи дека ќе ви бидат побарани пари на заем.

Штипење

Ако штипнете некого во вашиот сон предупредува на клевета, озборувања, сомневања.

Штрк

Штркот во сон ја симболизира среќата во бракот, принова во семејството.

Штурец

Ако видите штурец на сон  ве очекува пријатно изненадување на јаве.

Шума

Зелена: среќа, добро здравје; гола: работите ќе ве притиснат; мрачна: тага, несреќа; ако гори: жалост, загуба; исечена: неуспех; борова: големо изненадување; букова: голема добивка.

Шумар

Ако сонувате шумар значи дека треба да се држите настрана од зафатени девојки/жени, или момчиња/мажи; на некого; почитување на животната средина.

Шунка

Ако јадете шунка во сонот симболизира расправија во домот, озборување, незадоволство на јаве.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg