×

Грешка

Page Not Found

Соновник | Sonovnik

Соновник / Sonovnik на CRNOBELO.com - Најобемниот и најдеталниот македонски соновник. Прочитајте го значењето на вашите сонови.

Начин на пребарување

Значењето на вашите сонови може да го погледнете комплетно бесплатно. Доволно е да кликнете на првата буква од поимот кој сте го сонувале и ќе ви се излистаат значењата на сите поими. Поимите се подредени по азбучен ред. Пребарувајте по страници или уште поедноставно, со впишување на поимот во означениот дел за пребарување најгоре на страната. Ако некогаш не добиете резултат, обидете се со пребарување во множина или сличен поим.

Сонување и значење на соновите

Луѓето обично 1/3 од својот живот ја преспиваат. Спиењето е природна состојба и е неопходно за нашето физичко и ментално здравје.

Соновите се низа на слики и чувства кои се појавуваат додека спиеме. Толкувањето на соновите е популарно уште од најстарите времиња, а науката која ги проучува соновите се нарекува ониромантија.

Најчесто чувство што се јавува во соништата е немир. Другите чувства вклучуваат болка, осаменост, страв, радост итн. Негативните чувства се многу почести од позитивните.

Се смета дека соновите најчесто ја покажуваат нашата прикриена потсвест, скриените желби, емоции кои ги чувствуваме или ситуации кои секојдневно ги преживуваме.

Најчести сонови

Тешко е да се каже кои се најчестите сонови, но според некои процени, 10 најчести сонови се: бебе, бременост, заби, смрт, вода, оган, крв, саканата личност, соништа со еротска конотација и сонови врзани за пријателите и познаниците.

Препорака

Се препорачува соновите кои се поврзани со настани кои ви се случиле во претходните неколку денови да не се толкуваат затоа што немаат никакво значење. На пример, ако сте биле на планина и сте се исплашиле од висина, а потоа сонувате висина и пропаѓање, тој сон е последица на ваше претходно доживување. Се толкуваат само соновите кои немаат некоја позадина во реалноста.

Секое значење на поимите во соновникот не го земајте „здраво за готово“. Некои сонови имаат повеќе значења. Различни луѓе, различно ги доживуваат работите.

Соновникот ги содржи најопштите и најчести поими кои се применливи кај секого. Нивното значење и толкување е на ваша одговорност и нашиот тим не одговара за вашата одлука да „живеете според овие толкувања“.

Доколку забележите дека недостасува некој поим – пишете ни на [email protected] како би можеле да го дополниме соодветно.

#sonovnik #sonovi #spienje #sonuvanje

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg