Што прво ќе видите на сликата открива: Зошто немате среќа во љубовта и како да ја најдете?

Заврзан човек

Постојано сте во внатрешен конфликт со самите себе. Па, ако навистина сте во потрага по вистинската љубов, прво мора да најдете љубов во себе и да разрешите некои дилеми. Борбата со внатрешниот мир не е воопшто лесна, но само тоа ќе ви помогне во решавањето на конфликтите кои ве „јадат“ одвнатре. Дури тогаш, ќе дојде љубовта.

Ограда

Вашата најголема слабост е тоа што сте премногу затворени во себе. Ако не преземате ризик и не се отворите кон другите, сосема е нормално да бидете сами. Природно е да сакате да се заштитите, но не претерувајте. Спуштете го штитот и тргнете чекор по чекор. Ако не ризикувате, ништо нема ни да добиете.

Чамец

Вашиот проблем е во тоа што стандардите ви се поставени толку високо, што никој не може да ги достигне. Секако дека не треба да се задоволите со било што, но пред да отфрлите некого, запрашајте се дали и вие сте толку совршени? Не фантазирајте за идеални луѓе, бидејќи така си ја кратите можноста за љубов.

Череп

Вашето претерано грижење за работите и нервозата може да ја уништат секоја врска. Во ред е да се биде внимателен, но вие сте претерано плашливи и со постојаната непотребна внимателност ги „задушувате“ сите околу себе. Секогаш ќе има работи кои ќе ви предизвикуваат страв, но тоа не значи да не се спротивставите со цел да ја добиете посакуваната љубов.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Изберете еден клуч и откријте каква среќа ве очекува Ајде да се забавуваме. На фотографијата има три клуча, а секој од нив има различ...
Усни или плажа? Тоа што прво го видовте на илустрацијата открива какви сте по природа Велат дека една слика вреди 1.000 зборови, а тоа што прво го забележувате на илу...
Тест на потсвеста: Што прво гледате на илустрацијата - открива како ве гледаат другите, а какви сте ... Овој тест на потсвеста ќе ви открие какви сте навистина, а како, всушност, ве гл...
Јапонски тест на личноста: Овошјето што ќе го изберете ја открива вашата најважна особина Фокусирајте се на илустрацијата, изберете едно овошје, тоа ќе ви ги открие вашит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg