Што прво ќе видите на сликата открива: Зошто немате среќа во љубовта и како да ја најдете? - Results from #1


Што прво ќе видите на сликата открива: Зошто немате среќа во љубовта и како да ја најдете?

Заврзан човек

Постојано сте во внатрешен конфликт со самите себе. Па, ако навистина сте во потрага по вистинската љубов, прво мора да најдете љубов во себе и да разрешите некои дилеми. Борбата со внатрешниот мир не е воопшто лесна, но само тоа ќе ви помогне во решавањето на конфликтите кои ве „јадат“ одвнатре. Дури тогаш, ќе дојде љубовта.

Ограда

Вашата најголема слабост е тоа што сте премногу затворени во себе. Ако не преземате ризик и не се отворите кон другите, сосема е нормално да бидете сами. Природно е да сакате да се заштитите, но не претерувајте. Спуштете го штитот и тргнете чекор по чекор. Ако не ризикувате, ништо нема ни да добиете.

Чамец

Вашиот проблем е во тоа што стандардите ви се поставени толку високо, што никој не може да ги достигне. Секако дека не треба да се задоволите со било што, но пред да отфрлите некого, запрашајте се дали и вие сте толку совршени? Не фантазирајте за идеални луѓе, бидејќи така си ја кратите можноста за љубов.

Череп

Вашето претерано грижење за работите и нервозата може да ја уништат секоја врска. Во ред е да се биде внимателен, но вие сте претерано плашливи и со постојаната непотребна внимателност ги „задушувате“ сите околу себе. Секогаш ќе има работи кои ќе ви предизвикуваат страв, но тоа не значи да не се спротивставите со цел да ја добиете посакуваната љубов.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: Која фигура ја забележавте најпрво? Многу од нас сакаат да знаат што да очекуваат во иднина. Овој едноставен тест ќе...
Првото што ќе го видите на сликата открива: Како гледате на животот? Погледнете ја илустрацијата и одберете што прво забележавте. Одговорот ќе ви отк...
Тест на личност: Првата буква која ќе ја видите открива што ви се крие во душата Начинот на кој ги гледаме работите и ги перципираме, открива многу за нашата пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg