Изберете едно животно кое ќе ја открие вашата најмрачна страна која ја криете од сите

Црна мачка

Мачката се поврзува со мрачната страна во многу култури. Мачките се сметаат за животни кои се помеѓу светот на живите и светот на мртвите.

Најраспространетото суеверие е дека црната мачка која ќе ви го пресече патот ќе ви донесе несреќа. И покрај негативните конотации, црните мачки исто така симболизираат мистерија, елеганција, масивна сила, бесконечност и тишина.

Доколку сте инстантно привлечени од црната мачка на сликата, значи дека вашиот карактер има две страни. Од една страна сте навистина смирени, слатки, љубезни и игриви како маче, а од друга страна може да бидете навистина диви и бунтовно настроени кога ќе ве испровоцираат.

Гавран

Гавранот се смета за предвесник на лоши вести во некои култури. Но, помалку познат факт е дека овие птици се многу интелигентни и се познати како неверојатно приспособливи суштества.

Доколку сте мистериозно привлечени од гавранот значи дека и вие исто така криете одредена темнина во својата душа. Прилично добро се адаптирате на ситуациите и луѓето околу вас.

Имате способност да ги „прочитате“ луѓето коишто се обидуваат да глумат и се преправаат дека се нешто што не се. Вие можете добро да ги процените нивните карактери.

Сешак, не ги повредувате луѓето намерно и не напаѓате први додека не ве повредат или испровоцираат.

Волк

Волкот е мрачно и мистериозно суштество. Можеби ќе се изненадите, но спротивно на популарното убедување, волкот е екстремно пријателско суштество.

Тие формираат силна емоционална врска со членовите од нивната глутница. Волкот се доживува како немилосрдно и жестоко животно, но вистината е дека тие чувствуваат аверзија кон насилство.

Стануваат агресивни само доколку се испровоцирани или доколку се најдат во ситуација на смртна опасност.

Доколку го одбравте волкот од сликата, вие сте безопасни и пријателски настроени. Но, доколку некој ве испровоцира ќе се трансформирате во екстремно брутално и сурово суштество.

Вашето пријателство и лојалноста која ја нудите може да бидат бесконечни, но доколку некој ве повреди, изневери или испровоцира, така расте вашиот бес и гнев.

Мршојадец

Птици кои уживаат во потрагата и напаѓаат неочекувано и од заседа. Ловат во група и ги расчеречуваат жртвите безмилосно.

Доколку го одбравте мрошајдецот вие поседувате застрашувачка и темна страна која се крие длабоко под сите ваши карактерни слоеви. Мршојадците напаѓаат само кога се гладни, односно од потреба, инаку немаат потреба да наштетат некому во спротивно.

Вие се однесувате на истиот начин. Може да бидете безмилосни, но само доколку е загрозен вашиот опстанок. Не би му наштетиле никому со зло од чиста забава или досада.

Лилјак

Исчезнува во текот на денот и се појавува во ноќта, висејќи надолу со телото. Доколку го одбравте лилјакот од сликата, вие имате повеќеслоен карактер.

Имате сопствен, уникатен начин на кој го набљудувате светот. Не се вклопувате во социјалните норми и утврдените шаблони. Поседувате мрачна страна која се рефлектира во сè што правите, вашето размислување, однесување, па дури и во вашата смисла за хумор.

Исто така сте скептични и не верувате речиси никому.

Црн леопард

Зрачи со страв и стравопочитување, а се смета за силен заштитник. Доколку го одбравте црниот леопард вие сте личност со неверојатна внатрешна сила.

Од една страна сте жестоки и имате неверојатни вештини за напад, а од друга сте премногу заштитнички настроени кон саканите. Доколку некој ве нападне вас или најблиските, во состојба сте да ги раскинете до последното парченце.

Пајак – „Црна вдовица“

Овој инсект се одликува со опасен отров, а познати се и по своите канибалистички особини, бидејќи го јадат партнерот откако ќе заврши процесот на парење.

Ги заробуваат своите жртви во вешто сплетената мрежа, а потоа го инјектираат својот отров, ги гледаат како умираат мачно и бавно, а потоа безмилосно ги јадат.

Доколку ја одбравте Црната вдовица, вие сте навистина опасен и мрачен човек. Го планирате секој напад мошне детално. Прво, создавате лажно чувство на опуштена и пријатна средина околу вашите противници. Штом тие ќе го спуштат гардот, полека почнувате да ја плетете мрежата без можност за излез и спас.

Иако делувате смирено и нежно однадвор, вие сте всушност смртоносни и немилосрдни со секој кој ќе реши да се поигрува со вас.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест: Одберете една роза и дознајте што се крие во вас (дури и работи за кои не сте свесни) Дали вие сте личност која има потреба на другите луѓе да им се претставува во по...
Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...
Тест на потсвеста: Што прво гледате на илустрацијата - открива како ве гледаат другите, а какви сте ... Овој тест на потсвеста ќе ви открие какви сте навистина, а како, всушност, ве гл...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте повеќе за вашиот карактер Замислете дека го имате вашиот двор од соништата... Додека го пиете вашето утрин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg