Волонтирај на Exit '12


Волонтирај на Exit '12

volontiraj-na-exit-12-povekjeExit фестивалот и оваа година ги отвора вратите за 1500 волонтери од целиот свет кои ќе имаат можност да стекнат неверојатни искуства во различни...


...сектори, маркетинг, протокол, прес центар, програмска продукција, изградба, шанкови, влезови, акредитирање, обезбедување, Exit Village и други бројни сегменти на фестивалот.

Конкурсот за пријавување е отворен од 5ти до 31ви мај, а сите кои би сакале да се вклучат и да станат дел од оваа голема организација, ќе можат од утре да се пријават преку апликацијата на сајтот exitfest.org

Волонтерите на Exit фестивалот ќе имаат обезбеден влез и престој на фестивалот после завршувањето на пропишаното работно време, како и бесплатен престој во Exit Village, обезбедена исхрана за време на смените и бесплатни токени за пијалоци. По завршувањето на фестивалот, волонтерите ќе добијат сертификат како признание за волонтирањето, што ќе им биде дополнителна референца во биографијата.

volontiraj-na-exit-12

 

Претходната година волонтерската програма на Exit фестивалот беше еден од најголемите проекти во Србија во 2011 година. На конкурсот се пријавија преку 5000 млади луѓе, од кои беа избрани 1250 доброволци од повеќе од 60 земји ширум светот, пред сѐ од Србија, но и од регионот, европските земји, САД, Австралија, Русија, Сингапур, Еквадор, Свазиленд, Чиле, Израел... Сите тие од Exit фестивалот заминаа збогатени со незаборавни искуства кои ги поделија со пријателите и меѓусебно преку официјалната Facebook страница за Exit волонтери.
 
Волонтерите преку ангажманот на Exit ќе развијат чувство за припадност и корисност во заедницата, ќе развијат нови вештини, ќе се запознаат со тимската работа, ќе се дружат со луѓе од различни градови и земји, ќе го подобрат познавањето на странските јазици и ќе стекнат увид во организирањето на еден голем фестивал. Посебен дел од активностите на волонтерите ќе претставуваат и еколошките работилници во чии рамки ќе се едуцираат во областа на примена на технологијата за обновливи енергетски извори и ќе го подигнат нивото на еколошката свест и знаењето во областа на заштитата на животната средина.
 
Волонтирањето ќе трае од 9ти до 15ти јули 2012. година на фестивалот Exit во Нови Сад, најмногу шест часа во текот на една смена.
 
Настапот на овогодинешниот Exit фестивал кој ќе се одржи од 12. до 15. јули на Петроварадинската тврдина до сега го потврдија:
 
Guns N’ Roses, Duran Duran, New Order, Erykah Badu, Plan B, Avicii, Richie Hawtin, Gossip, Wolfmother, Luciano, Laurent Garnier LBS, Miss Kittin, Hercules & Love Affair, The Toy Dolls, Skindred, Little Dragon, Felix Da Housecat, Totally Enormous Extinct Dinosaurs, Azari& III, BurakaSomSistema, Sneaky Soundsystem, Art Department, MaceoPlex, Reboot live, Brodinksi, Kenny Larkin,  Robert Dietz, Citizens!, D.R.I., When Saints Go Machine, MaayanNidam, Street Dogs, Lone, Pariah, Teengirl Fantasy live, The Chain.
 
Влезниците за Exit кој ќе се одржи од 12. до 15. јули 2012. се во продажба. Повеќе информации за влезниците и продажните места може да најдете на: www.exitfest.org и www.mktickets.mk.

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg

Најнови игри

Животот е полн со разни обврски и одговорности, но основна и најважна е одговорноста што ја имаме кон себе.
Ерин Брокович