По втор пат ќе се одржи Social Media Day Macedonia


По втор пат ќе се одржи Social Media Day Macedonia

За да го избегнете чувството на разочарување кога ќе запознаете некој во живо по долга онлајн комуникација, организиран е Social Media денот. Тоа е настан инициран од најпознатиот Mashable блог задолжен за следење на интернет културата.

po-vtor-pat-ke-se-odrzi-social-media-day-macedonia-01

Овој настан се одржува секоја година на 30 јуни, а во Македонија ова ќе биде втор пат. Текот на овој ден ќе се одвива преку дискусии, размена на искуства и многу дружење.

Датумот останува ист, но за локацијата сите заедно може да одлучиме. Вашата прва задача е да учествувате во гласањето.

Сите гласови се собираат во петок, на 21 јуни и тогаш се дознава каде ќе се одржи овој настан.

За повеќе детали следете ги информациите на blogirame.mk и komunikacii.net.

Најчитани неделава

Најнови игри

Тие што се свртени кон тоа што е всушност пред нив, не оптоварени со минатото, незагрижени за иднината, тие се луѓето кои живеат и најдобро го користат животот.
Албан Гудиер