Збогување со еден од најдобрите писатели на сите времиња Габриел Гарисија Маркес


Збогување со еден од најдобрите писатели на сите времиња Габриел Гарисија Маркес

Авторот на култниот роман „Сто години самотија," Габриел почина на 87 години во неговиот дом во Мексико Сити.

zboguvanje-so-eden-od-najdobrite-pisateli-na-site-vreminja-gabrile-garsija-markes-01

Роден на 6. март 1927 во Коломбија, во малото место Аракатака. Токму ова место е инспирација за гратчето Макондо од „Сто години самотија". 

Во 1982 година творецот на жанрот наречен магичен реализам ја доби Нобеловата награда. Маркес заедно со Борхес е најдобриот писател од шпанското говорно подрачје.

Оваа песна посветена е на големиот автор, како збогување од Борхес.

УЧИШ

По некое време ја учиш суптилната разлика

помеѓу држењето нечија рака и оковувањето нечија душа.

И учиш дека љубовта не значи привлечност

и друштвото не значи сигурност.

И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори

и подароците не се ветувања.

И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази

со главата горе и очите отворени

со достоинство на жена, не со очај на дете.

И учиш да ги градиш твоите патишта денес

затоа што утрешннината е премногу несигурна за планови

а иднината има начини да те изневери на половина пат.

По некое време научуваш...

Дека дури и сонцето гори ако го има премногу.

Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата,

наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња.

И учиш дека навистина можеш да истраеш...

Дека си навистина силен

И дека навистина вредиш

И учиш, и учиш...

Со секое збогум нешто научуваш.

Хорхе Луис Борхес

Би можело да ве интересира:

Пар се венчал кога тој имал 17 години, а таа 51 - сега слават 19 годин... По 8 месеци врска, тие се венчале иако со 34 години разлика во години еден од др...
Жена за првпат стана мајка на близначиња на 50 години, по низа спонтан... Го чекала вистинскиот, но не дошол, па од 39-годишна возраст минала години и год...
„Бидете фини еден кон друг“ - Тој има 103 години, таа 100 и прославија... Нивната љубовна приказна започнала кога се сретнале во 1935 година, се вљубиле е...

Најнови игри

Кога ќе помине денот, раскрсти со него. Си сторил што си можел; некои грешки и глупости сигурно се провлекле; заборави ги колку што можеш побрзо.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)