По ова - нема да јадете месо!

po-ova-nema-da-jadete-meso-povekjeДоколку имате слаб стомак, немојте да го гледате овој филм. Може да ви се слоши, а најверојатно ќе се одлучите да престанете да јадете месо. Дали е возможно?


Погледнете, па пробајте.

Филмот е направен врз основа на собрани снимки кои ПЕТА и други организации за етичко третирање на животните ги снимиле во тајни истраги на различни фарми во Америка. Ако се во прашање екстремни примери, повеќето прикажани во филмот навистина се спроведуваат.

Животните го поминуваат својот животен век затворени во кафези од кои не можат дa мрднат. Само главите им излегуваат надвор. Ги кастрираат и жигосуваат без анестезија, ги колат живи за месото наводно да има поубав вкус... жал ни е, а и понатаму ги јадеме...

Кога примитивните луѓе убивале животни за време на лов, изведувале ритуали со кои се извинувале на духот на животните. Месото денес поминува низ целосен процес на обработка, така што веќе ни естетски не потсетува на направеното убиство. Додека јадеме шницла, воглавно не сакаме да си го замислиме колењето на прасето.

po-ova-nema-da-jadete-meso

Што е она што современиот човек го прави попримитивен од примитивниот? Една особина која со развојот на цивилицијата се загубила. Зошто луѓето некогаш се извинувале на животинските духови?

Тие виделе дека животните се суштества, малку поинакви од нив, но со глава и очи. Додека културата се уште не ја згазила природата, луѓето верувале дека не се над животните. Набрзо тоа се променило и ја увиделе својата моќ.

Кој сега се грижи за правата на животните...

Би можело да ве интересира:

Девојка од САД која го нарачала убиството на мајка ѝ е пуштена од затвор Голем дел од животот, Џипси го поминала мислејќи дека е болна – користела инвали...
Бразилска пејачка руши предрасуди – Гордо позира во бикини со стома на стомакот (фото) „Да, имам стома и не се срамам да ја покажам бидејќи ми го спаси животот“, стои ...
Си го затнува носот, се мурти: Принцот Луи е ѕвезда на роденденската парада на кралот Чарлс (фото) Со смешните гримаси и реакции на непријатниот мирис од коњите што ја влечеа кочи...
Девојка од САД го заменила градскиот метеж со живот во колиба среде шума (фото) Младата девојка открива дека дури и во тоалетот има прозорец за да ужива во погл...
Старецот од Лондон чијашто куќа стана популарна за инфлуенсерките: „Ми се смачи да ги гледам како ми... „Имаше една девојка во боди и ја крена ногата целосно горе, па можев да видам сѐ...
Била предвреме родена, па останала слепа – Која е индонезиската пејачка која доби златен тастер од С... Го загубила видот на 3 месеци, за првпат откриле дека има талент за пеење на воз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не плаши се од растојанието помеѓу твоите соништа и реалноста. Ако можеш да сонуваш за нешто, можеш и да го направиш тоа.
Белва Дејвис