Награда за HP за одлични сервисни услуги

nagrada-za-hp-za-odlicni-servisni-uslugi-povekjeЕдинствен PC производител во регионот на Европа, Средниот Исток и Африка кој го добил овој сертификат две години едноподруго. HP објави дека бизнис...


...десктоп и лаптоп дивизијата на компанијата е наградена со сертификат за одлични сервисни услуги од Асоцијацијата на технолошки сервиси (TSIA) за обезбедување суперорна техничка поддршка и сервиси во Азија, Средниот Исток и Африка. HP е единствен производител на персонални компјутери кој се здобил со ова признание две години едноподруго.

Клиентите можат да ги набават производите со верба дека HP им е посветен на своите продукти за време на нивниот век на траење“, изјави Жилбер Роси, Потпретседател на Групацијата за персонални системи на HP Европа, Средна Азија и Африка. „Овој сертификат ја потврдува заложбата на HP за развивање и дефинирање на најдобрата можна пракса во сферата на поддршката и сервисот“.

nagrada-za-hp-za-odlicni-servisni-uslugi

HP PSG EMEA тимот за директна поддршка опфаќа над 25 земји, со употреба на 20 различни јазици и успева да се справи со просечно околу 150.000 повици месечно. За време на процесот на аудиција, TSIA темелно ги разгледува полисите и процедурите на комерцијалниот менаџмент за поддршка. Телефонските сервиси, поправката и веб-сервисите беа споредени против најдобрите 300 служби во индустријата, вклучувајќи ја извршната власт, талент менаџментот, алатките за поддршка и оперативните параметри во прилог на основните компонетни како што се стратегијата и маркетингот.

Искуството од HP услугите за клиентите се покажа извонредно во однос на TSIA стандардите, демонстрирајќи дека бизнис клиентите брзо се поврзуваат до сервисите за поддршка, кои се ангажирани да обезбедат повратна информација, и дека можат да бидат сигурни дека HP ги поседува сеопфатните алатки и процеси за да се справи ефикасно со сите случаи.

Втора година едноподруго HP беше ревидиран од TSIA и постигна извонредни резултати во сервисните операции, како во комерцијалниот, така и во потрошувачкиот PC бизнис во трите клучни региони: EMEA, Северна Америка и Азија Пацифик Јапонија. Заложбата на HP за сервис и поддршка ја демонстрира посветеноста и заложбата на компанијата кон своите клиенти на глобално ниво. 

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Ја уби бремената девојка на пренос во живо, доби само 6 години затвор – Каде е денес Станислав Решет... Во 2020-та година, светската јавност беше згрозена кога неговото видео во кое ја...
Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се ... Кармен од Англија е зависничка од солариум која добила рак на кожата поради чест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никој не станува нешто преку ноќ. Подготовките се одвиваат цел живот.
Гејл Годвин