Влатко Илиевски заштитно лице на Келвин Клајн за Македонија

vlatko-ilievski-e-zastitno-lice-za-calvin-klein-macedonia-povekjeОд саботата популарниот македонски пејач и актер Влатко Илиевски е во друштво на светските ѕвезди Кејт Мос, Ева Мендез, Скарлет Јохансон...


...Зои Салдана кои се заштитни лица на брендот Келвин Клајн. Лежерната и софистицирана појава на Влатко, според  ексклузивниот застапник за накитот и часовниците Келвин Клајн во Македонија – компанијата „Божиновски часовници и накит“, совршено се вклопува во она што го претставува овој бренд во глобални рамки, па токму затоа тој беше избран за прво заштитно лице на Келвин Клајн за Македонија.

 - Чест е да се  биде првото заштитно лице за Македонија на еден ваков, планетарано познат, ултра моќен моден бренд. Ретко кој може да остане рамнодушен на префинетите линии на накитот и часовниците Келвин Клајн. На мое задоволство тие од сега ќе бидат дел од моето секојдневие и мојот имиџ - изјави Влатко по завршувањето на перформансот на кој беше презентирана најновата колекција на накит и часовници 2011-2012 од овој бренд.

Атрактивниот манекен кој беше единствениот маж во шоуто насловено „Страста со Келвин Клајн е романса што трае цел живот“  го претставуваше самиот Келвин Клајн кој ги заведе седумте женски музи со врвниот дизајн на неговите најнови модели на часовници и накит. Несекојдневниот перформанс кој беше проследен со гласот на Влатко Илиевски во позадина, предизвика голем интерес кај посетителите на годинешниов „Саем на жената“ што се одржа во Метрополис Арена во Скопје.

vlatko-ilievski-e-zastitno-lice-za-calvin-klein-macedonia-1

vlatko-ilievski-e-zastitno-lice-za-calvin-klein-macedonia-2

Би можело да ве интересира:

Емотивна сцена: Kуче пред болница во Прилеп веќе два дена го чека газдата што доживеал мозочен удар „Кучево е пред болница во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се преве...
Македонка инспирира: По операцијата на мозокот поради која повторно учеше да оди - учествуваше на Ск... „Гордост наша“, „Жена планина“, „Ангела инспирација си“, „Јунак жена си“, „Браво...
Сатја Грабулоски меѓу 50 највлијателни луѓе на Балканот: Македонскиот дизајнер во друштво на Новак Ѓ... Македонскиот дизајнер на патики, Сатја Грабулоски, е меѓу 50 највлијателни луѓе ...
Календар со неработни денови за 2024 година Колку неработни денови и државни празници ќе имаме во 2024 година? Симнете го и ...
Стоечки овации за Васил Гарванлиев по магичната ноќ во Куршумли Ан – ја разнежни публиката на концер... Пејачот Васил Гарванлиев вчеравечер (12.09) одржа емотивен концерт во Куршумли А...
„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе“ - Почина Ферус Мустафов, кралот на ромската музика Си замина нашата музичка легенда. Кралот на саксофонот и кларинетот Ферус Мустаф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Богатството, славата, положбата и моќта не се мерила на успехот.
Вилијам Данфорт