13 интересни факти за кафето

Како го започнувате утрото? Со топла шолја вкусно кафе? Понекогаш дури и се прашувате што би правеле доколку не постоеше кафето.

13-interesni-fakti-za-kafeto-01.jpg

Во која форма вие го преферирате? Капучино, макијато, турско, еспресо...?

Секогаш е убаво да сте подобро запознаени за работите кои ги сакате во животот.

Ова се неколку интересни факти за кафето:

1. 1.7 милијарди шолји кафе се консумираат секој ден во светот.

2. Жителите на САД се одговорни за 35% од горенаведената бројка.

3. Тоа се околу 300 милиони луѓе кои пијат 400 милиони шолји кафе секој ден.

4. Машината за еспресо е направена во 1901 година во Италија, од Луиџи Безера. Тој бил во потрага по машина која ќе подготвува кафе за многу кратко време, за да ги спречи вработените да си земаат долги паузи за кафе.

5. Првата реклама за кафе во весник се појавила во 1790 година во САД.

6. Јохан Себастијан Бах има напишано сатирична кантата за зависноста од кафе во 1732 година.

7. Денес, во Италија постојат повеќе од 200.000 еспресо барови.

8. 65% од кафето се консумира со појадок.

9. Помеѓу 200 и 300 чашки кафе се продаваат во просечен ден во еден драјв-ин.

10. Кафето е една од најтргуваните производи во светот, веднаш после нафтата.

11. Зависноста од кафе се сметала за социјален проблем во 1700-та година.

12. Мажите велат дека кафето им помага да ја завршат работата, додека жените ги опушта.

13. Ако купите машина за еспресо за $200 долари, и секој ден продавате само по едно кафе, ќе бидете на нула за 81.63 денови.

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никогаш не се справувај со повеќе од еден вид проблем истовремено. Некои луѓе се справуваат со три: сите што ги имале, што ги имаат и што очекуваат дека ќе ги имаат.
Едвард Е. Хејл (1822-1909)