Инспиративни цитати

Постојат бројни извори на инспирација кои ни даваат мотивација да продолжиме во остварување на животните цели. Оние кои остануваат запомнети се вредни да се споделат и понатаму.

inspirativni-citati-01.jpg

Ова се само неколку инспиративни цитати кои ние ги одвоивме за нашите читатели:

1. Ако сакаш да леташ, мораш да се ослободиш од сра*ата кои те влечат надолу – Тони Морисон

2. Секој човек се врти кон сопствената смрт, носејќи во рацете само она што им го дал на другите – Персиска изрека

3. Целокупниот напредок на човештвото се случува само затоа што одредени луѓе се одлучиле да бидат поинакви – Хери Милнер

4. Морате да ги правите само оние работи кои просечните луѓе не ги разбираат, затоа што единствено тоа се добри работи – Енди Ворхол

5. Оној кој ја препушта душата на лутањето на сетилата, наскоро ќе го види својот ум фрлен како брод однесен од ветрот на површината – Бхагавад Гита

6. Надежта дефинитивно не е исто што и оптимизмот. Тоа не е уверување дека нешто ќе испадне добро, туку наша потполна убеденост дека нешто има смисла, без оглед на тоа како испаднало на крај – Вацлав Хавел

7. Никогаш не е доцна да бидеш она што си можел да бидеш – Џорџ Елиот

8. Понекогаш мислиме дека сиромаштија е само да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Но, да се биде непосакуван, без волја и да немате никој кој се грижи за вас – тоа е најголемата сиромаштија. За да се излечите од истата, мора да започнете од сопствените домови – Мајка Тереза

9. Судбината е за губитници. Тоа е само глупав изговор да чекаш работите да се случат сами по себе, наместо самиот да ги создаваш – Блер Волдорф

10. Мислите дека сте заљубени? Не, вие сте заљубени во идеалите за одредена особа...однапред создадени идеали, диктирани од надежта. Така и се одљубувате. Само вашата надеж мора да се промени. – Антони де Мело

Би можело да ве интересира:

„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големата надеж е многу поголем поттик во животот отколку што би можела да биде каква и да е доживеана радост.
Фридриг Вилхелм Ниче (1844-1900)