Ќе се живее во куќи од пластични шишиња

ke-se-zivee-vo-kuki-od-plasticni-sisinja-povekjeИако до крајот на изградбата има уште доста време, ова градилиште веќе стана локална атракција која редовно ја посетуваат туристи, а доаѓаат...


...и функционери од нигеријската влада. Никој не може да се увери дека недостигот на станбен простор би можел да се реши на овој чуден начин.

Овие 25 згради кои ги има купено грчки бизнисмен, ќе станат комплекс на еколошки куќи наменети за издавање на локалното население. За подигнување на секоја куќа во која има по една спална и дневна соба, купатило, кујна и тоалет, употребени се околу 7.800 пластични шишиња.

Технологијата на градење е многу проста – работници ги празнат шишињата, ги полнат со песок, ги затвораат и ги „ѕидаат“ во кружна форма, традиционална за северниот дел на Нигерија. Наместо малтер употребуваат раствор од глина кој се суши на сонце.

Според оценката на експертите во Одделението за развој на обновливи извори на енергија, изградбата на овие еколошки куќи чини три пати помалку од изградба на куќи од бетон и цигли, а од шишиња исполнети со песок може да се направат дури и трикатници.

Од друга страна, во овие куќи никогаш не може да биде претопло, песокот ги штити станарите од високи надворешни температури.

Би можело да ве интересира:

Британец магистрира на Универзитетот Кингстон на 95 години – Размислува да запише докторат Британецот Дејвид Марџот, кој стана Магистер по модерна европска филозофија...
Спектакуларни огномети во Сиднеј, Париз и Берлин – Како светот ја дочека 2024 година? Сиднеј во Австралија и Окленд во Нов Зеланд се првите градови што со огномети ја...
Македонија е на 84-то место: Кои се најсреќните, а кои „најмизерните“ држави во 2024-та? Македонија е на подобра позиција од лани, додека Финска, очекувано, повторно е н...
„Спасете ме мене, а не моето бебе“: Мајка објави контроверзно видео и ги подели мислењата „До мојот сопруг: Ако докторот рече да избираш помеѓу мене или бебето, додека се...
Режисерот на „Титаник“ со часови бил заробен на дното на океанот - Сите инциденти со подморници окол... Џејмс Камерон на третото пловење до „Титаник“ бил заглавен со часови на морското...
Најекстравагантното откривање на пол на бебе – 2.000 балони, 3 авиони кои пуштаат боја и конфети (фо... Повеќе од 2.000 балони во сина и розова боја, огромни букви кои означуваат „дево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Животот е толку убав бидејќи никогаш нема да се повтори.
Емили Дикинсон (1830-1886)