Трикови за правилно трчање

trikovi-za-pravilno-trcanje-povekjeЗа време на трчањето дишете на уста и нос, затоа што вашите потреби за кислород се зголемени. Ви откриваме уште некои тактики за правилно трчање.



Задолжително загревање

trikovi-za-pravilno-trcanje

За да го подготвите телото на физички напор, пред да трчате потребно е добро да се загреете затоа што така мускулите стануват поеластични и потопли.

Со правилно загревање ја подигнувате температурата на телото за 1-2 степени, а можете да го поделите во две фази. Првата фаза е ротација на зглобовите и аеробна активност со низок интензитет која вклучува скокање со јаже или степер.

Следи тактичко истегнување кое подразбира истегнување на мускулите и динамично истегнување кое се состои од контролирани движења на делови од телото. Последната фаза на загревање се состои од движења кои се изведуват на главниот дел од тренингот, но со полесен интензитет.

Правилно дишење

Иако се чини дека дишењето е нешто што се случува спонтано и рефлексно, при трчањето треба да се обрне посебно внимание на начинот на дишењето. При големи напори пожено е да се дише на уста и нос затоа што потребите за кислород се зголемени. Ритамот на дишењето треба да се прилагоди на сигналите што ги испраќа телото.

Повторно истегнување

Тренингот со трчање не смее да се заврши со трчање, туку со истегнување. Истегнувањето е многу важен дел од вежбата затоа што освен што спречува повреди и болка во мускулите, ја зголемува и делотворноста на вежбата.

При истегнувањето скелетните мускули се издолжуваат што резултира со подобра мускулна контрола, флексибилност и поголем распон на движења.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не можете да откриете нови земји без да се согласите да не го видите брегот многу долго време.
Андре Жид (1869-1951)