Што мора секој маж да има во плакарот?

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-povekjeКако потопло, но и во тренд, да се преживеат студените месеци што се пред нас? Пополнете го својот плакар со „ин“ парчиња кои во исто време...


...греат, штитат од дожд и снег, а воедно го издигнуваат вашиот стајлинг на повисоко ниво.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-1

Палтата се можеби скапи, но безвременска зимска инвестиција. Згодни се за сите прилики, од деловни обврски, до саботни излегувања. Оваа сезона дизајнерите обожуваат сива боја и каро шара. Одлучете се за сиво црна комбинација, или палто во кафена нијанса.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-2

Кожната јакна е во ист моден ранг како и палтото. Со топол плетен џемпер можете да ја носите и за време на студените месеци, а со доаѓањето на пролетта носете ја со куси ракави. Не можете да погрешите со црна и темно кафена боја.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-3

Карото продолжи да владее, па и оваа сезона карираната кошула е нешто што морате да го имате за подобар секојдневен и деловен изглед. Одберете сива, или маслинесто зелена боја затоа што лесно се комбинираат со другите бои.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-4

Модните детали оваа сезона се големи и впечатливи. Незаобиколна е големата торба во која ќе ги собере сите ваши потреби работи. Со неа можете директно од работа да одите на тренинг, во теретана и на пијалак со пријателите.

Шубара и топла пилотска капа, кафен шал со интересна апликација и ракавици се детали кои ќе ве греат и кога температурите ќе паднат под нулата.

Можеби сонцето не грее, но и понатаму зрачи со штетни зраци. Поради тоа немојте да заборавите на квалитетните очила за сонце.

Би можело да ве интересира:

Уличната мода во Белград, преку папарацо фотки на српски Инстаграм профил Од кул чанти до лежерни аутфити, модата на белградските улици низ објективот на&...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...
Модели на здолништа кои изгледаат застарено (и е тешко да ги комбинирате) Здолништата со должина до колената прават нозете да изгледаат пошироко, додека о...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
„Вечен“ летен тренд – фустани со дезен на риги (фото) Женската омилена летна „униформа“ подразбира лесен, удобен фустан, а трендот кој...
10 модни трикови за деновите кога не знаете што да носите Ако наутро или пред вечерно излегување се чувствувате мрзеливо, тогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не е чудо да се лета во воздух или да се оди по вода, туку да се оди по земјата.
Кинеска поговорка