Препорачуваме: Лидер во 3 чекори

preporacuvame-lider-vo-3-cekori-povekjeАИЕСЕК Скопје повторно во пресрет на македонските студенти, организира настан кој е наменет за нивна професионална обука и насочување.


Лидер во 3 чекори е проект кој има за цел пред се да ги обучи, а истовремено да им пренесе искуство на учесниците за новите трендови во областите на бизнис работењето.

Ова е проект наменет како на идните, така и на постојните генерации лидери кој треба да допринесе овие луѓе да бидат ветерот на промени во македонската економија, двигателот кон подобро утре за нив самите, а воедно и за општеството.

Главна идеја на проектот е да им се понуди потребното знаење и искуство на студентите, за конечно во Македонија да се донесе светскиот тренд на промени, конечно од  Македонија да произлезе светска иновација.

Со целиот тој капацитет и потенцијал со кои располагаат студентите и веќе младите вработени, да ги охрабриме да застанат позади името Лидери на утрешнината кои ќе ја раздвижат закржлавената државна економија, лидери кои ќе знаат во секој момент иновативно да се соочат и решат пазарните промени и ефекти кои ги трпат компаниите.

Луѓе сигурни во своите способности, кои не се плашат од преземање ризик и храбро се соочуваат со секојдневните предизвици на пазарот.

Уште еднаш, во соработка со важни имиња од македонската академска и бизнис елита, нудиме квалитетни семинари од областа на иновациите, маркетингот и лидерството.

Проектот ќе се одвива 3 викенди по ред.

Темите кои ќе се обработуваат се следните:

  • обука бр.1 : Innovation skills
    27 ноември ( недела )
  • обука бр.2 : The new era of Marketing
    03-04 декември ( сабота/недела )
  • обука бр.3 : Leadership potential
    10-11 декември ( сабота/недела )

Повеќе информации за настанот, како и целата агенда за секој од семинарите, може да се најдат на Facebook страната на проектот Лидери во 3 чекори :

http://www.facebook.com/pages/Leaders-in-3-steps/266476520071656

Карти можат да се набават во канцеларијата на АИЕСЕК на Економскиот Факултет и на нашите инфо - штандови на факултетите.

Ве очекуваме!

preporacuvame-lider-vo-3-cekori

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никој не може да се врати назад и да почне од почеток, но секој може да почне од сега и да направи сосем нов крај.
Карл Барт