Покана за настан „Читај секаде“

pokana-za-nastan-citaj-sekade-povekjeВисоката школа за новинарство и за односи со јавноста и радиото Клуб ФМ ја почнуваат кампањата за поттикнување на свеста за читање книги...


...на различни места низ градот, „Читај секаде“.

pokana-za-nastan-citaj-sekade

Преку кампањата ќе се промовира читањето на јавни локации, што претставува урбан, популарен и атрактивен тренд во сите метрополи.

За таа цел, Ве покануваме утре (26.11.2011) во 13 часот на настанот што ќе се одржи во продажбениот простор на клубот „Матица“ (бул. Климент Охрдиски, бр. 23).

Настанот во траење од два часа вклучува дебата на млади луѓе на тема „Книга или филм“, мини концерт, коктел, книги за симболични цени од 100 денари и пријатни изненадувања за првите сто посетители.

Во рамките на кампањата, наредниот месец, на фејсбук страницата „Читај секаде“ посетителите може да поставуваат предлози за книги и фотографии од најинтересните места за читање, да гласаат за нив и да предлагаат дизјан за корица на книга. Најдобрите идеи ќе бидат наградени.

Главниот настан ќе се одржи на 17 декември (сабота) на улицата Македонија во центарот на Скопје.

Ви го испраќаме дневниот ред и Ве покануваме да го проследите настанот.

Дневен ред

13:00-14:00 Дебата „Книга или филм“
Младински образовен форум

Продажба на книги по симболични цени и изненадување за првите 100 посетители

14:00-15:00 Музички блок и коктел

Лице за контакт:
Александар Стамболиев,
Висока школа за новинарство и за односи со јавноста
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; 02 30 90 004

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Вистинските вредности не се промениле. Сеуште е најдобро да си искрен и чесен, да правиш колку што можеш повеќе од она што го имаш, да те усреќуваат малите задоволства и да имаш храброст кога нештата ќе тргнат наопаку.
Лора Ингалс Вајлдер (1867-1957)