Искуство од Истанбул - градот на Босфорот

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-povekje„Кога чувството на презаситеност од секојдневието кое го живееме, ги соборува умот и сетила, во душата се раѓа чувството за нешто ново и неочекувано, за нешто...


...апсолутно АДРЕНАЛИНСКО!!!!! Во потрага по нешто ново, се сопнавме на понудата на АИЕСЕК Скопје...’’ - раскажуваат Надина и Бојан.

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-1

...Понеделник, 13.06.2011 година, 18.35 часот, Автобуска станица Скопје, перон 1, „Дали го сместивте Вашиот багаж?’’ – праша возачот на автобусот. Тогаш за прв пат се запознаа Бојан и Надина, сместувајќи го својот багаж, и двајцата изгубени и возбудени, и двајцата збунети, но сепак потрагата по нешто незаборавно ги водеше решително кон целта- ПРАКСА ВО ИСТАНБУЛ...

...Вторник, 14.06.2011 година, 14.00 часот, Taksim Square, Istanbul... Првиот ден од шестнеделниот престој во градот на Босфорот, градот на двата континента, градот на убавините, на султаните, на традицијата, градот во кој АИЕСЕК им овозможи незаборавни мигови.

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-2Вака се започна...

„Не ни се верува дека поминаа повеќе од два месеци од кога се вративме во Скопје. Спомените ни се сеуште свежи како се да заврши пред еден час. Одеднаш се најдовме помеѓу 65 нови луѓе од 38 држави од целиот свет, во непознатиот милионски град каде се прашавме дали постои веројатност луѓето што ќе ги сретнеме денес да ги видиме повторно.’’

„Првите неколку денови од престојот ни поминаа во запознавање со “нашите колеги’’, во запознавање на околината каде што бевме сместени и ШТО тоа ние конкретно ќе правиме во Истанбул.’’

„Забавата е забава, но работата е работа. Беше прекрасно чувството да се работи со средношколци, матуранти, кои се на чекор од големата одлука за тоа што понатаму во животот. Улогата ни беше, децата, со наша помош, да увидат какви вештини поседуваат, но и преку обуките (Time management, Body language, Communication skills, …) кои ние им ги одржувавме секојдневно да се стекнат со нови вештини. Составен дел од нашата работа беше да работиме на подобрување на нивниот Англиски јазик преку активности кои опфаќаа вежби на читање, пишување и зборување. Секојдневно, секој од нас одржуваше презентација за својата земја претставувајќи ја својата традиција, култура, народ, начин на живот, ...

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-3

„Она што беше особено магично е тоа што секој работен ден ни започнуваше со игра наречена “Roll call’’ која претставува обележје на АИЕСЕК, интернационално во целиот свет. Сите, ние практикантите, децата, одговорните за проектот учествувавме и ги полневме батериите со позитивна енергија.’’

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-4Roll Call

„Кога си во Истанбул, неизбежно е да ги посетиш најубавите споменици на културата и на времето за кое тие сведочат. Aya Sofia, Плавата Џамија, познатата Капали Чаршија и нејзиниот лавиринт од многубојните сокаци, Topkapi Palace, Dolmabahce Palace, Египетскиот базар каде можете да најдете огромна палета на специфични зачини со прекрасни бои и различни вкусови, Galata Tower, Maiden’s Tower, Princess Islands, но пред се крстарење со брод по Босфор на зајдисонце, каде погледот на двата моста и двете страни на градот го одземаат здивот на секој поединец.’’

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-5

„Уживајќи во убавините на овој град, ја вкусивме и традиционалната турска кујна и наздравувавме пиејќи чај и yeni raki. Почнувајќи од познатиот Донер кебап, па се до незаменливите и највкусни баклави, имавме шанса да уживаме во вкусот на Адана кебап, лахмаџун, ориз подготвен на најразлични начини, мантии, кадаиф, попарени колачи во шербет, и уште многу, многу специјалитети карактеристични за Турција.’’

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-8Египатскиот базар мами со прекрасните специјалитети

„На крајот од престојот, кога се би собрале и одземале, останува впечатокот дека поминавме незаборавни денови во Истанбул, денови исполнети со многу смеење, шетање, уживање покрај брегот, заеднички забави во ноќните клубови на градот, караоке забави кои самите ги организиравме и многу, многу, многу дружење. Тие пријателства кои таму ги создадовме сеуште траат, бидејќи и понатаму секојдневно сме во контакт со сите учесници на проектот.’’

iskustvo-od-istanbul-magijata-na-gradot-na-bosforot-7Дури и Турскиот дневен печат го одбележа проектот и неговите учесници

„Двајцата сакаме да искажеме огромна благодарност до АИЕСЕК Скопје кој ни го овозможи ова искуство, но и со кој во текот на целиот наш престој постојано бевме во контакт информирајќи ги за се што се случуваше таму. Ова е искуство кое ни ги прошири хоризонтите и погледите, искуството кое не осозреа на еден сосема поинаков начин. Влијаеше на нас да станеме сосема независни млади луѓе подготвени да и погледнат на иднината во очи.’’

Им благодариме на Надина Качапор и Бојан Гиевски од АИЕСЕК Скопје кои го споделија своето искуство со нас.

Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа организација повеќе информации може да најдете на Фејсбук страницата:
https://www.facebook.com/pages/Leaders-in-3-steps/266476520071656#!/AIESECSkopje

Би можело да ве интересира:

Низ објективот на инстаграмџиите: Мермерната плажа на Тасос е рај за сите сетила Глетката е неверојатна, а многумина се шегуваат дека треба да ја оставите оваа п...
Што треба да видите во Тунис на вашата прва посета, според позната инфлуенсерка од Србија? Оазата Чебика, колосеумот во Ел Џем и, секако, пустината Сахара се само дел од м...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
5 најубави плажи на грчкиот остров Скирос Скирос е волшебен грчки остров во Егејското Море... Тој е скриен скапоцен камен ...
Ивана од Скопје: „Го посетив Портофино - не беше магично како на Инстаграм“ Конечно го посетив овој италијански бисер. Бев премногу возбудена си ги замислув...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не можете да откриете нови земји без да се согласите да не го видите брегот многу долго време.
Андре Жид (1869-1951)