Златен волан за Ауди А6

zlaten-volan-za-audi-a6-povekjeСо вкупно 21 победи од 1975 година, Ауди и понатаму останува најуспешниот бренд на овој натпревар. Ауди освои една од најпосакуваните награди...


...во форма на златен волан. Оваа година за тоа е заслужен моделот Audi А6, кој го постигна последниот успех на овој престижен натпревар.

Оваа година жирито на "Златен волан" составено од важни личности: технички експерти, професионални тркачи со мотори и рели возачи, главни уредници на меѓународниот специјализиран магазин, "Auto Bild", повторно ја имаа можноста да изберат 20 финалисти преку испитување на возилата низ неколку фази.

Бизнис седанот од Инголштад успеа да освои 42 членови на жирито на "Златен волан 2011" и убедливо победи во категоријата "средна/луксузна класа". Со дваесет и една награда "Златен волан" Ауди е најуспешниот бренд во историјата на овој избор кој го организираат “Bild am Sonntag” и “Auto Bild” цели 36 години.

Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI AG, ја прими наградата за моделот Ауди А6 на церемонијата за доделување награди во издавачката куќа Аксел Спрингер во Берлин пред околу 300 поканети гости од индустријата, политиката и медиумите.

Наградата "Златен волан" им се доделува на најдобрите нови автомобили секоја година уште од 1975 година. Во последните неколку години, победници се: Audi А6 (2004), Audi Q7 (2005), на Audi А4 седан (2007), Audi Q5 (2008), A5 Sportback (2009), а во 2010 година, на Audi А1 и Audi А8.

zlaten-volan-za-audi-a6

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Светот е тркалезен и местото кое можеби изгледа како да е крај може исто така да биде и почеток.
Ајви Бејкер Прист (1905-1975)