Потсетете се на тинејџерските денови: 3 предлог филмови

potsetete-se-na-tinejdzerskite-denovi-3-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-povekjeЗа овој викенд ви нудиме 3 филмови со теми од средношколските денови. Темата како секогаш со овој тип на филмови е комбинација од озборување...


...бркање девојки, дечковци, несигурности за иднината, губење невиност, одење на журки или тинејџерска депресија.

Средношколските денови ќе ги паметиме засекогаш.

За тие што уште ги живеат може да се поврзат со ликовите од следниве филмови, а за тие што ги поминале, ви нудиме малку носталгија.


Easy A (2010)


Овој тинејџерско - средношколски филм ме изненади со својот бистар хумор, и можам комотно да го ставам во омилените филмови од ваков тип, заедно со "Clueless", "Juno" и "10 Things I hate about you".

potsetete-se-na-tinejdzerskite-denovi-3-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-1

Олив е симпатична, паметна и дрска девојка, но секогаш надвор од социјалните збиднувања... и најверојатно последната девица во нејзиното школо.

Како би ја замолчела својата најдобра другарка, кажува бела лага дека го поминала викендот со некој дечко и дека правеле безобразни работи.

Како што бива и во вистинскиот живот, најголемата алапача во школото го прислушкува разговорот, и со брзина на светлината, а можеби и побрзо, се шири низ целото школо.

Олив е жигосана како лесна девојка и наеднаш сите машки очи се вперени во неа. Таа решава да го искористи тоа за да си го унапреди социјалниот статус, а патем и финансискиот статус.

Иако ова звучи како клише, ви ветувам дека не е. Очекувајте паметни и брзи дијалози, убави глумци, референци кон Марк Твен, Кинси и филмовите од 80тите, кул родители, кул професори и супер музика.

Можеби ќе ви биде малку напорен за следење, поради ултра брзите разговори и најверојатно ќе пропуштите по некоја финта, но тоа не е страшно и нема да ви пречи за да разберете што се случува.

Дури и самиот наслов е паметно склопен. "Easy A" стои за лесна 5ка по некој предмет што асоцира на лесна девојка, а и самиот филм е адаптација на книгата "The Scarlet Letter" каде хероината е приморана да носи црвена буква А на нејзината облека, што стои за Adulteress или по нашки прељубница.

Глума: Emma Stone(Олив), Amanda Bynes (Мариен, оговарачката) and Penn Badgley (Тод, симпатијата), Aly Michalka (најдобрата другарка), Lisa Kudrow (професорка)...
Режија:Will Gluck


The Art of Getting By (2011)


Ова е еден високо продуциран инди филм со познати деца актери што не е баш за сечиј вкус поради бавното темпо и предвидливото сценарио. Но, за атер на Џулија Робертс и нејзината внука, Ема Робертс што ја глуми главната женска улога решавам да ви го препорачам за овој викенд.

potsetete-se-na-tinejdzerskite-denovi-3-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-2

Џорџ е матурант што најголем дел од времето го поминува со бесцелно талкање, не може да собере сила да присуствува на часови и е тотално рамнодушен кон се околу него. 

Очигледно е дека е талентиран сликар, но не верува во себе, не го ни интересираат девојки, едноставно лута во животот.

Неговите професори и родители, пробуваат да му помогнат да си го најде патот, да го натераат да мисли за иднината, но нивните зборови не допираат до него.

Наместо да оди на журки, тој се оптоварува со бесмисленоста на постоењето, се додека не се запознае со Сали, која ќе го раздрма неговиот свет.

Навистина е предвидлив филмот додека го гледате, затоа тука не кажувам ништо повеќе. Ако ви се допаднале филмовите како "Rocket Science" и "The Wackness" тогаш ова е филм за вас.

Интересен е моментот што првпат го гледаме глумецот Фреди Хајмор како тинејџер, како пораснал после улогите во "Finding Neverland" и "Charlie and the Chocolate Factory". Истото може да се каже и за Ема Робертс која станува се поприсутна во филмските наслови.

Глума: Freddie Highmore (Џорџ), Emma Roberts (Сали) and Michael Angarano (Дастин)
Режија: Gavin Wiesen


Fired Up! (2009)


Мојата најомилена тинејџерска комедија што ја препорачувам на секого. Фантастично сценарио и донекаде свежа идеја. Одлични глумци и помалце голотија. Има за секого по нешто.

potsetete-se-na-tinejdzerskite-denovi-3-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-3

Бидејќи филмот циркулираше по телевизиите можно е некои од вас веќе да го гледале, но и да сте го гледале... гледајте го пак.

Центарот на вниманието се двајца средношколци, Ник и Шон, што се ѕвезди во својот тим (американски фудбал) и гооолеми шармери што ќе направат сè да ја добијат девојката што ја сакаат.

Откако ќе ги поминат сите девојки во школото, решаваат да сменат тактика и да се приклучат на навивачкиот тим и да одат со нив на камп за тренирање на навивачки.

Тие немаат никаков интерес за тренирање, целиот нивен интерес е насочен кон 300те секси девојки од целата земја, во тесни маички и кратки сукњички.

Приказната се замрсува кога едниот ќе се заинтересира за тим-лидерката Карли, а другиот за омажената инструкторка Диора.

Апсолутно сите во филмот (девојките во тимовите, инструкторите и професорите од школото) имаат по некоја карактерна особина што ги прави многу смешни за гледање.

Наликува многу на култниот чирлидерски филм "Bring It On", но посебен на многу други полиња.

Ник и Шон имаат одлична хемија на екран како најдобри пријатели, и навистина се познава дека се забавувале додека го снимале филмот, од почетокот на филмот кога бегаат од татковците, до крајот кога изведуваат слободна верзија на песната "Here I Go Again" од Whitesnake.

Никако не ги пропуштајте забавните елементи после крајот на филмот.

Глума: Eric Christian Olsen (Ник), Nicholas D'Agosto (Шон), Sarah Roemer (Карли), Molly Sims (Диора)
Режија: Will Gluck

Слободно споделете ги и вашите омилени тинејџерски филмови!

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
7 филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Читателите обично не се задоволни кога се прават филмски или телевизиски екраниз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Нашите вистински благослови често доаѓаат во форма на болка, загуба и разочарување, но ако имаме трпение наскоро ќе ја видиме нивната права вредност.
Џозеф Адисон (1672-1719)