10 работи за бившиот кои мора да ги премолчите

10-raboti-za-bivsiot-koi-mora-da-gi-premolcite-povekjeПоранешниот партнер е тема која неизбежно во врската ќе дојде на дневен ред порано или подоцна. Но, колку и да сака вашиот партнер да слушне...


...за вашата поранешна врска, понекогаш е подобро да живее во среќно незнаење.

Дури и ако сте останале во контакт со поранешното момче/девојка, вашиот сегашен партнер не сака да ги знае деталите од неговиот претходник.

Егото кај секое момче е болна точка. Еден од начините на кои лесно може да се повреди е со споредба со други дечковци.

Ова се некои факти кои мажите не сакаат да ги слушнат за бившиот партнер на нивната сакана.

Сите го сакаа

10-raboti-za-bivsiot-koi-mora-da-gi-premolcite

Секое момче сака да мисли дека тој е најдобриот партнер што сте го имале и дека го сакаат сите ваши драги личности. Ако дознае дека мора да се натпреварува со вашето бившо момче за сите да го засакаат, самодовербата ќе му биде разнишана.

Поблага верзија на овој факт би била: Сите го сакаа, но слабо го познаваа.

Имаше добро платена работа

Тоа може да предизвика сомнеж кај вашиот партнер дека тој не заработува доволно за да ви го пружи она на што сте навикнати. Мажите сакаат да се однесуваат заштитнички кон својата партнерка и да мислат дека и го пружаат најдоброто.

Поблага верзија: Платата не е важна ако го работиш она што го сакаш. Дајте му до знаење дека материјалните работи не се гаранција за среќа. Секако, само ако така и мислите.

Ми го скрши срцето

Ниеден прекин на врска не е безболен. Но, ако зборувате за бившиот како за нешто за што жалите, вашиот партнер би можел да добие впечаток дека сеуште размислувате за бившата врска и дека тој ви е само лек за да се соземете.

Поблага верзија: Двајцата бевме потресени. Дајте му до знаење на својот партнер дека вашата бивша врска е минато и дека тој ви е сега на прво место.

Сега е во среќна врска

Дури и ако сте останале во врска со бившиот, вашиот партнер не сака да знае детали за неговиот живот, иако сте само пријатели. Тоа кај него би можело да предизвика несигурност и страв од разгорување на старите страсти.

Поблага верзија: Долго не сме се слушнале, но веројатно е добро. Фактот дека не сте се слушнале со бившиот ќе делува смирувачки на вашиот партнер.

Бев тука со бившиот

Ни на сон. Секое место кое што ќе го посетите е само за ваше заедничко искуство и нема потреба да се намалува вредноста на времето кое ќе го поминете заедно раскажувајќи спомени од минатото. Со тоа можете да ја расипете романтиката.

Поблага верзија: Сум била овде одамна. Не е важно со кого, зарем не?

Ова ми е поклон од него

Ако партнерот и подели некој комплимент за убавата маичка, или долна облека која ви ја подарил бившиот, доволно е да речете благодарам. Вашиот сегашен партнер не сака да мислите на бившиот додека стоите полуголи пред огледало и облекувате нешто што сте добиле од него.

Поблага верзија: Тоа е само стара маица, баш размислував да си купам нова. Вака ќе избегнете непријатна ситуација, а можеби и ќе добиете нова маица на подарок.

Планиравме заедно...

Што и да сте планирале со бившиот, тоа е минато. Во спротивно вашиот сегашен партнер би можел да добие впечаток дека сеуште жалите за неостварените планови со бившиот.

Поблага верзија: Тоа отсекогаш сакав да го направам. Вашиот сакан ќе биде среќен затоа што баш тој ви ја остварува дамнешната желба.

Ме смееше до солзи

Колку и да звучи невино, претпоставувате што би можел да помисли сегашниот партнер – дека тој не е доволно забавен. Затоа не спомнувајте го смисолот за хумор на бившиот, колку и да е тоа вистинито.

Поблага верзија: Мажите сакаат да мислат дека се забавни, дури и ако не се. И вам ви е убаво да слушнете дека добро готвите, дури и ако тоа не е баш вистина, зарем не?

Се степа поради мене

Тоа за него би значело дека и тој во секој момент треба да биде подготвен да ги засука ракавите поради својата сакана. Колку и да им ласка на мажите дека другите се вртат по нивната партнерка, помислата на физичко одмерување на силите не им е привлечна.

Поблага верзија: Мажите би требало д аги заштитуваат жените, но не со тупаници. А тоа е и ваше мислење, зарем не?

Беше добар/лош во кревет

Дека мажите не сакаат да слушнат ништо позитивно поврзано со вашите односи со бившиот, тоа е јасно. Но, исто така не сакаат да слушнат ни дека сексот бил лош, затоа што ако сте биле долго во врска со некој и не сте уживале, тоа би значело дека можеби греши во нешто, но вие тоа го премолчувате.

Поблага верзија: Имаше и добри и лоши денови. Реално и вистинито. Впрочем. Совршен сексуален живот постои само во филмовите.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Се сплеткав со дечко што има девојка - дали да ѝ кажам?“ Замислете ја ситуацијава, запознавате дечко, кој е забавен и фин, си разменувате...
Долга предигра и уште 5 совети за посилен и подолг оргазам (18+) Доживувањето задоволувачки оргазам е важен аспект за сексуалната благосостојба.....
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Кои се најдобрите секс пози, во зависност од надареноста на партнерот? (18+) Многумина сметаат дека мажите што се надарени се среќни, но тоа не е така, затоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Фрли го своето срце пред себе и трчај напред да го фатиш.
Арапска поговорка