Вин Дизел на Фејсбук

vin-diesel-na-facebook-povekjeМногу ретко се случува некоја голема ѕвезда навистина да сака да чуе што имаат да кажат фановите. Додека повеќето глумат љубезност на...


...црвениот тепих, а инаку одбиваат да потпишуваат автограми токму Вин Дизел е исклучокот што покажува дека ако си човек на место славата нема да ти го помати умот.

Во моментов ѕвездата од Fast & Furious има 28,494,184 фанови на Фејсбук кои не се таму за да гледаат како ги оговара своите колеги или како рекламира пасти за заби и третмани за слабеење. (Само да се потсетиме дека Ким Кардашијан добива по $10.000 долари за да твитне реклама за некој производ!).

Вин Дизел гради пријателски однос со оние што ја следат неговата страница. Не само што постира фотографии од детството и зборува за советите што ги добива од родителите, тој ги чита и коментарите што му ги оставаат фановите.

Најчесто добива по околу 10.000 коментари, па искрено му се воодушевуваме на посветеноста! Открива дека кога ќе налета на особено интересен коментар со мудар цитат или став што поттикнува подлабоко размислување го отвора и разгледува личниот профил на личноста што го напишала. Можеби така дел од неговите фанови ќе добијат и „френд риквест“ од Дизел во живо :)

Веројатно ќе ве изненади она што се крие зад мачо типот од холивудските акции. Негова мисија е со фановите на Фејсбук да создаде мултикултурна заедница која не само што нема предрасуди и не се оптоварува со нечија расна и етничка припадност, туку и си пружа меѓусебна поддршка особено во потрагата по среќа и остварувањето на животните соништа.

Вин Дизел ги чести фановите со премиерно прикажување на трејлери од неговите филмови и никогаш не пропушта да истакне колку е горд на позитивната енергија на неговата фејсбук страница.

vin-diesel-na-facebook-2На вечера со татко му

vin-diesel-na-facebook-1Со мајка му во Перу

vin-diesel-na-facebook-3За да ги увери скептиците дека навистина ја води фан-страницата
приложи „самослик“ како доказен материјал :)

vin-diesel-na-facebook-6Редовно постира инспиративни цитати

vin-diesel-na-facebook-5Дизел потишува копија од филмот Pitch Black

vin-diesel-na-facebook-4Галантниот Вин ѝ ја бакнува раката на новинарка како реакција на нејзин охрабрувачки коментар за филмот на кој работи во моментот.

Го лајкнавте Вин?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
Хит видео од Бред Пит како нервозно грицка чипс додека Новак Ѓоковиќ губи на Вимблдон – реакции и од... „Дали за Бред Пит времето се враќа наназад?“, „Не е возможно така да изгледа на ...
Малума ја бакнува бремената девојка, Шакира со синовите – Ѕвездите на Latin Grammy Awards 2023 Шакира се врати во Шпанија за да ги „собере“ наградите на Latin Grammy Awards 20...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Преплашена сум“: Шенон Доерти објави емотивно видео снимено пред операцијата поради рак на мозокот Шенон Доерти сподели емотивно видео снимено мигови пред да ѝ направат операција ...
Како изгледаат актерите од „Клон“ две децении по емитувањето на серијата? Џоана Антонели која ја глумеше Жаде е доста активна на социјалните мрежи и верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најсмелата и најсмешната надеж е понекогаш причина за неверојатен успех.
Маркиз од Вовенарг (1715-1747)