3 намирници кои ја заменуваат четката за заби

3-namirnici-koi-ja-zamenuvaat-cetkata-za-zabi-povekjeЗабите треба да ги миеме по секое јадење, тоа го научивме уште како деца кога родителите и стоматолозите не учеа дека мораме да ги...


...четкаме најмалку две минути. Но, доколку се најдете во (не)прилика без четка за заби некои намирници можат да ни помогнат во отстранувањето на нечистотиите од усната шуплина.

Основната хигиена на усната шуплина наложува миење на забите по секој оброк. Бидејќи не сме секогаш во можност по внесувањето на храна да употребиме четка за заби, можеме да посегнеме по природните забни чистачи.

3-namirnici-koi-ja-zamenuvaat-cetkata-za-zabi

Грицкањето на одредено крцкаво и тврдо овошје и зеленчук предизвикува лачење на плунка која ги уништува бактериите и ги одржува забите чисти и здрави.

Намирници кои ги чистат забите:

1. Јаболко
Јаболките содржат фосфор, калциум и флуор и спречуваат развивање на кариес. А докажано е дека ова овошје подобро ги чисти забите од било која четка делувајќи двојно - механички и физички.

2. Свеж морков
Со џвакање на морков се стимулира создавањето на плунка, која помага во отстранувањето на остатоци на храна. Освен тоа, влакната од морковот делуваат како четка за заби.

3. Целер
Целерот ги штити забите на два начина. Џвакањето на целерот предизвикува лачење на материја која ги неутрализира бактериите кои што предизвикуваат кариес. Исто така оваа намирница со џвакањето продира помеѓу забите, ги масира непцата и ја чисти усната шуплина.

Би можело да ве интересира:

Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...
Кои се најчестите симптоми на рана менопауза и зошто се јавува? Кога менопаузата се јавува пред 45-тата година од животот, тогаш се нарекува ран...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не можеме да направиме големи работи, само мали со многу љубов.
Мајка Тереза (1910-1997)