Рецепт за Café Brûlo

recept-za-cafe-brulo-povekjeИзненадете ги пријателите со нов топол пијалок идеален за зимските седенки. Едноставниот рецепт е жежок во секоја смисла на зборот! Потребни...


...ви се еден или два портокала, сварено кафе, коњак или ракија, малку шеќер, цимет и бибер.

Оваа количина е доволна за 6-8 чаши, но состојките може да ги прилагодите по вкус.

recept-za-cafe-brulo-1

На средна температура загревајте 250ml коњак или ракија со неколку цели каранфилчиња, 2-3 зрна бибер, 2-3 стапчиња цимет, 3 големи лажици шеќер и малку кора од портокал (и лимон). Каранфилчињата може да ги боцнете во самата кора.

recept-za-cafe-brulo-2

recept-za-cafe-brulo-3

Откако добро ќе се загрее тргнете го садот од огнот и внимателно запалете ја течноста со шкорче. Оставете да гори 1-2 минути. Потоа полека додавајте од 500 до 750 ml жешко јако кафе и мешајте додека не стивне пламенот. 

recept-za-cafe-brulo-4

По желба може да исцедите малку лимон и/или портокал. Послужете и украсете со кора од лимон и/или портокал.

recept-za-cafe-brulo-5

Би можело да ве интересира:

Гиро 4,5 евра, лежалките од бесплатни до 40 евра по човек – Како се движат цените на плажите во Грци... Цената на гирото е скоро секаде иста, околу 4,5 евра, пивото е од 5 евра, па наг...
6 искрени детски одговори кои ќе ве насмеат (и заслужуваат медал за досетливост) Понекогаш децата кажуваат работи кои им се само ним логични. И тоа го прават тол...
6 фрази со кои нарцисоидните личности глумат жртви, низ илустрации „Секогаш ме малтретираш“, „Само јас морам да се жртвувам“... Со кои добро научен...
Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ... Во историските записи никогаш не била опишана како убава, туку како многу амбици...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...
Што да однесете како подарок на слава? Во ек се куќните слави – веројатно едни од најубавите поводи за да се видите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
На светот има толку многу за сите нас само ако имаме очи да го видиме тоа, срце да го сакаме и рака да го собереме.
Луси Мод Монтгомери (1874-1942)