Мудра приказна: Судбина или случајност?

Во некоја земја, владеел еден постар крал.  Бидејќи неговиот дух почнал полека да слабее, дошло време да го наследи еден од неговите синови.

mudra-prikazna-sudbina-ili-slucajnost-01.jpg

Секој од неговите три сина студирал во една далечна земја и напредувал во образованието. Најстариот отсекогаш бил бунтовник. Така ги научил сите воени техники со сите нивни финеси.

Најмладиот Ја одбрал науката. За се морало да постои објаснување и доколку е можно ништо не требало да се менува.

Средниот пак имал повеќе мудри учители. Учел како да се живее со природата, па сфатил дека се најважни внатрешните вредности.

Откако ги собрал сите, кралот сакал да знае кој е најдостоен за неговиот престол. „Што би правел кога би бил крал?“, го прашал секој од своите синови.

„Мој почитуван татко и кралу, јас би променил многу нешта онака како што знам“  му одговорил најстариот син.

Најмладиот му одговорил: „Јас мислам дека сè треба да остане непроменето, онака како што е, и да се продолжи твоето дело“ .

А оној кој  се поврзал со природата одговорил: „Драги татко, сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело“. И покрај тоа што што стариот крал не можел во целост да го разбере одговорот, чувствувал дека треба да го круниса својот среден син - така и се случило.

Кога и да го прашал кралот својот наследник за некаков совет, добивал ист одговор: „Се што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“ Кралот одвреме навреме се лутел за тоа што неговиот син не сакал да преземе никакви одлуки и што за неговите намери тој сè уште морал да сноси одговорност. Секогаш станувал сè погневен.

Еден ден берберот го исекол на левиот образ. Резот бил толку длабок што прскала крв од раната. Откако раната била преврзана, тој наредил да го затворат берберот во темен и влажен подрум и побрзал кај својот наследник да го праша дали постапил добро.

Овој му одговорил: „Ценет татко, сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“ Тогаш стариот крал го изгубил трпението и наредил да го затворат и неговиот син.

Неколку дена подоцна кралот, шетајќи низ шумата, потонал во мисли. Бидејќи залутал толку далеку во мислите, излегол надвор од границите на своето мало кралство. Ненадејно налетал на една група човекојадци, кои биле во лов на луѓе.

Откако нивниот водич го застанал, го измеркал и погледнал под завојот. „Ти сè уште добро изгледаш за своите години“, помислил водачот на човекојадците.

„Oтсекогаш сум сакал еднаш да испечам крал, но нашата вера не ни дозволува да јадеме месо од повредени луѓе.“

Одеднаш кралот се сетил...како ветер се вратил назад и издал наредба да ги ослободат и неговиот син и берберот. Му раскажал на својот наследник што му се случило, а потоа му рекол:

„Драг мој сине, те молам прости ми. Не постапив правилно.“ Младиот крал само тажно го погледнал и му рекол: „Кралу мој, ти сè уште не си го сфатил тоа.“ - „А што уште треба  да сфатам?“, викнал овој возбудено!

„Гледај драг татко, да не ме затвореше во затвор, можеби ќе те следев при прошетката низ шумата. А тогаш јас ќе бев набиен на ражен и печен бидејќи јас не бев повреден. Гледаш мој чесен татко сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“

Многумина од секојдневниот живот би можеле да раскажат вакви „приказни“, како на пример една госпоѓа која заради застој во сообраќајот задоцни на воз, кој потоа излетал од шините; еден човек кој заради семејни причини го одложил летот, а потоа се урнал авионот со кој требало да патува...

На што се должи ова, дали е чиста случајност, среќа или судбина?

И благодариме на Мирјана Богеска која ни ја испрати оваа кратка приказна.

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Твојот успех и среќа лежат во тебе. Надворешните околности се случајности во животот... Одлучи да бидеш среќен и твојата радост и ти ќе создадете непобедливо единство против потешкотиите.
Хелен Келер (1880-1968)