Најчудни истражувања за 2011 година

najcudni-istrazuvanja-za-2011-godina-povekjeИма секакви луѓе, па не треба да нѐ чуди што има и секакви анкети и истражувања. Најчудните за 2011 година ќе ви откријат како устата покажува...


...колку девојката ужива во сексот, но и дека кучето е виновно што немате партнер...

1. Се запознавате, си се допаѓате, си разговарате. На ред доаѓа прашањето чуваш ли милениче? Зарем од одговорот би можела да зависи заедничката иднина!? Една анкета во Англија покажува дека и тоа е можно. Дури 28% од испитаниците одговориле дека не се баш расположени за врска со некој/а што чува куче, а 25% не би сакале партнер/ка со мачка. Како најприфатлив миленик се покажал малиот хрчак кој би им пречел на само 10% од анкетираните. Бидејќи не е возможно четвртина од нив да се алергични на кучиња и мачки не ни е јасно каква љубов може да понуди некој кој одбива да се дружи со вакви пријателчиња.

najcudni-istrazuvanja-za-2011-godina-1

Би одбиле ли некого поради миленичето што го чува?

2. Ново откритие е дека жените сакаат момчиња кои го иницирале крајот на минатата врска, додека пак мажите повеќе сакаат жени кои биле напуштени последниот дечко. Кај жените барем е логично, ако дечкото ѝ раскинал на минатата девојка значи дека веќе не е вљубен во неа и има простор за чист почеток. А за изборот на мажите прашањето останува отворено иако научниците нафрлија неколку сексистички претпоставки дека девојките кои откачиле некого се пребирливи и сложени, додека пак „напуштените“ може полесно да се контролираат!?

Што ви е попривлечно - откачувач или откачен?

3. Уште едно чудно истражување ни откри дека мажите се подготвуваат за излегување подолго од жените. Не сме сигурни како точно пресметале, ама тврдењето е дека на жените им требаат 75 минути, а на мажите дури 81 дневно. Тајната се криела во извежбаноста на жените дури и во шминкање, но не ни е јасно како и мажите не ги совладале движењата, па според ова истражување потребни им се дури 18 минути за да се избричат.

najcudni-istrazuvanja-za-2011-godina-2

4. Истражување спроведено на 3.005 мажи на возраст меѓу и 57 и 85 години открива поврзаност меѓу ерективнта дисфункција и блискоста на жената со пријателите на сопругот. Кога жената ќе се зближи со пријателите на партнерот прераснувајќи им во поблиска другарка отколку самиот тој, мажот чувствува дека му се нарушени приватноста и самостојноста. Мажите во ваква ситуација почесто страдаат од ерективни нарушувања и потешко доживуваат оргазам.

Дали е во прашање љубомора или едноставно со текот на годините мажите сѐ помалку сакаат да се дружат со старите пријатели кои жената упорно ги кани на гости? :)

5. Откако научниците се заситија од истражувања за врската меѓу големината на пенисот и носот/стапалата/дланките/средниот прст... на ред дојдоа жените. Способноста на жените да доживеат оргазам може да се предвиди според обликот на нивната усна. Така барем вели психологот Стјуард Броди. Тој тврди дека жените со подигнат и позабележлив среден дел од горната усна најлесно доживуваат оргазми. Не е важно дали имате тенки или полни усни, важно е само колку е испакнато тоа мало делче наречено туберкула.

najcudni-istrazuvanja-za-2011-godina-3

Според неговата теорија Кејт Мос и Ријана спаѓаат во жените кои навистина уживаат во сексот.

najcudni-istrazuvanja-za-2011-godina-4

Ако ништо друго, ова истражување барем ги објаснува сите оние очајни гримаси со напрчени усни на профил сликите на фејсбук :)

6. Британските анкети се најинтересни и некако најнепотребни :) На прашањето дали креваат на телефон додека имаат секс потврдно одговориле дури 25% од испитаниците.

Четвртина од луѓето ќе го прекинат водењето љубов за едно „ало“, каде спаѓате вие?

З. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Која било работа, всушност сите работи, мали или големи се претвораат во авантура кога ги споделувате со вистинската личност.
Кетлин Норис (1880-1966)