Прашања кои таа не треба да му ги постави

prasanja-koi-taa-ne-treba-da-mu-gi-postavi-povekjeКомуникацијата е многу важна во врските, тоа сите го знаат. Сепак, постојат неколку теми за кои мажите баш и не би сакале да разговараат...


...затоа што во поголемиот број случаи одговорот не би и се допаднал на попубавата половина, па би преставувал само поттик за расправија.

Ви носиме шест прашања за кои момците се надеваат дека нема да ги поставите:

1. Дали изгледам дебело?

Момците го мразат ова прашање. Направете им на сите услуга и избегнувајте го ова прашање. Ако самите се сомневате во вистината на неговиот одговор, одговорот „не“ ќе го прогласите за лага, а одговорот „да“ ќе ви ја уништи самодовербата и ќе го мразите поради тоа. Затоа искрен одговор побарајте на друго место.

2. Каде уживаш повеќе, со мене или во друштво со пријателите?

Волшебно прашање кое во повеќето случаи води кон расправија. Девојките често пати знаат да бидат опсесивни во желба што повеќе време да поминуваат со својот сакан. Сепак активниот социјален живот е важен за во врската да се внесе различност. Па девојки, наместо да го поставувате ова прашање, прифатете го фактот дека вашиот сакан сака да поминува време и со своите пријатели.

prasanja-koi-taa-ne-treba-da-mu-gi-postavi

3. Дали може во твојот стан да донесам некои мои ситници?

Кога момците ќе почувствуваат дека се загрозени, може да станат агресивни и да ве изненадат со одговорот. Оние девојки кои се подготвени на секаков одговор, можат да се обидат и да го постават ова прашање. Влегувањето во нивниот приватен простор момците го чувствуваат како закана. Оваа дискусија има смисол само ако сте 100 проценти сигурни дека вашата врска се движи во вистинска насока, да стане долгорочна.

4. Дали си размислувал за иднината на нашата врска?

Притисокот поради брак, момците ги прави несигурни и им дава чувство дека се во безизлезна ситуација. Тоа прашање може да предизвика неочекуван одговор кој може да ве разочара, особено ако сте го поставиле имајќи на ум идеален одговор. Прескокнете го ова прашање кое бара големи расправии и дозволете разни ситуации да ви дадат увид во иднината на вашата врска.

5. За што размислуваш?

Бројните истражувања покажале дека момците многу често размислуваат за повеќе работи одеднаш додека разговараат со некого. Затоа, тоа прашање може да открие и неочекуван одговор. Ако мислите дека размислува за вас, се лажете. Наместо тоа, останете реални и ако навистина ве интересираат неговите мисли, прифатете секој можен вид на одговор и немојте да се најдете повредени ако го спомне фудбалот, работата или своите родители. Немојте да се изненадите ако одговорот на тоа прашање е ништо, затоа што често пати тоа е вистина.

6. Дали онаа жена те привлекува?

Многу е исцрпувачки да се објаснат сите видови на инстинктивни гестови, како скенирањето на друга личност. Затоа бидете сигурни дека не очекувате невозможни работи од својот сакан. По поставувањето на тоа прашање дефинитивно ќе предизвикате низа расправии. Несигурноста може да биде еден од оние негативни фактори кои ја уништуваат врската. Клучот да зрачите со самодоверба е да останете мирни и да го предупредите само ако забележите знаци на флертување.

Би можело да ве интересира:

„Лак и стрела“ – секс поза за девојки што не чекаат партнерот да ги доведе до оргазам (18+) Оваа секс поза е наменета за смели девојки кои не се плашат да ја преземат контр...
Прашања за сексот што ги мачат средовечните луѓе (и им е срам да ги постават) Дали имаме доволно  секс и што ако сексот стане здодевен - кои се најчестит...
5 секс пози што ја стимулираат Г-точката и ветуваат незаборавен оргазам за партнерката Кои 5 секс пози ја стимулираат Г-точката кај партнерката? Сте пробале ли некои о...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Се шири ли вагината од премногу секс?“ Дали вагината се проширува и партнерот може да почувствува разлика кај вагината ...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Која било работа, всушност сите работи, мали или големи се претвораат во авантура кога ги споделувате со вистинската личност.
Кетлин Норис (1880-1966)