Животниот пекол на зависник од кока-кола

zivotniot-pekol-na-zavisnik-od-koka-kola-povekjeБританецот Дарен Џонс кој неделно пие 42 литри кока кола, го открива сиот ужас на оваа своја необична зависност. Овој 38 годишен татко на две деца...


...не е ниту наркоман, ниту алкохоличар, па ниту пушач. Негова слаба точка е диеталната кока кола.

Дарен во просек пие 18 лименки кока кола дневно, што годишно го чини околу 3.500 евра. Во изминатите неколку години неговата состојба е толку влошена, што сега веќе не може да излезе од дома без шише кока кола. Доколку не ја испие својата дневна доза, станува многу нервозен и раздразлив.

Дарен, кој заради својата лоша навика тежи преку 220 килограми, сака да се обиде да се ослободи од оваа зависност која пречи не само на неговото здравје, туку и на неговиот брак.

Мислам дека сум вистински зависник. Се плашам дека набрзо ќе го допрам дното. Кога немам кока кола почнува да ме фаќа паника. Тоа е како со дрогата или алкохолот“ – изјавил за "Miror".

Кога се јавив во „Кока кола“ да ги прашам за совет, ми рекоа да ја разредам со вода, но вкусот беше грозен, а и не верувам дека ова би ми помогнало“ – раскажува Дарен чија цел е да оди во рехабилитационен центар за да се излечи од оваа зависност, но и на детоксикација.

И покрај тоа што има испиено огромни количини на кока кола, Дарен тврди дека е здрав.

Меѓутоа, докторите предупредуваат дека диеталната кока кола има вештачки засладувачи и кофеин чие зголемено консумирање може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира:

Американците среќни за празничниот изглед на Белата куќа: „Џил Бајден не го мрази Божиќ како Меланиј... 98 елки, 34.000 лампиони и околу 142.000 светилки – годинава Белата куќа е како ...
„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
Сакаат да изгледаат помладо - Познати мажи кои ставиле ботокс и филери Истакнати јаболчници и затегната кожа без брчки - сѐ повеќе славни мажи подлегну...
„Мојот сопруг е 3 години помлад од мојот син, го запознав кога имаше 19 години“ Деана Бомер (47) е во брак со Стивен Бомер (27). Кога се запознале, Деана имала ...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...
Ја уби бремената девојка на пренос во живо, доби само 6 години затвор – Каде е денес Станислав Решет... Во 2020-та година, светската јавност беше згрозена кога неговото видео во кое ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не ме интересира минатото. Ме интересира иднината зошто очекувам таму да го поминам остатокот од животот.
Чарлс Ф. Кетеринг (1876-1958)