Задоволството наречено живот - едноставен и убав

zadovolstvoto-nareceno-zivot-ednostaven-i-ubav-povekjeКога бевме мали животот беше полесен, нели? Да, навистина така изгледа. Но, вистината е дека животот сè уште е лесен. Секогаш ќе биде.


Единствената разлика е што колку повеќе старееме, толку повеќе самите си ги комплицираме работите.

Кога сме деца на животот гледаме преку едноставни очи полни со надеж. Знаеме што сакаме и немаме набиена агенда.

Ги сакаме луѓето кои се смеат, ги избегнуваме намуртените. Јадеме кога сме гладни, пиеме кога сме жедни, и спиеме кога сме уморни.

Како што растеме, нашите умови потпаѓаат под негативните надворешни влијанија. Сè се менува.

Почнуваме да водиме сосема спротивен живот на оној кој навистина треба. А толку е едноставно.

Оскар Вајлд рекол: „Животот не е сложен. Ние сме сложени. Животот е едноставен и едноставните работи се оние вистинските кои треба да ги правиме.“

1. Не се обидувајте да ги читате мислите на другите. Не ни ги терајте другите да ги читаат вашите мисли. Комуницирајте.

2. Бидете љубезни, но немојте да бидете пријатели со сите околу вас. Наместо тоа поминете време во зацврснување на пријателства со луѓето кои ви значат најмногу.

3. Вашето здравје е вашиот живот. Чувајте го.

4. Не купувајте работи кои не ви требаат и за кои немате средства. Штедете за да имате.

5. Наспијте се доволно секоја вечер. Уморен ум ретко е продуктивен.

6. Станете 30 минути порано за да не мора да трчате наоколу. Тие 30 минути ќе ве поштедат од главоболка и нервоза

7. Не губете време на љубомора. Единствената личност против која се борите сте вие самите.

8. Окружете се со луѓе кои ги исполнуваат вашите недостатоци. Тие нека ги прават работите во кои се добри за вие да можете да ги правите оние нешта во кои вие сте добри.

9. Прашајте некого ако не сте сигурни.

10. Ослободете се од работите кои не ги користите.

11. Не се обидувајте да задоволите секого. Направете го она што сметате дека е правилно.

12. Не пијте алкохол кога сте тажни или лути. Подобро џогирајте.

13. Користете ја технологијата за да си ги поедноставите работите.

14. Плаќајте ги сметките на време.

15. Немојте да крадете.

16. Секогаш бидете искрени со себе и со луѓето околу вас.

17. Завршете еден проект пред да започнете нов.

18. Научете да готвите.

19. Кажете им дека ги сакате на блиските во секое време.

20. Држете се подалеку од драмата во животот на другите. И, не креирајте сопствена.

21. Извинете се кога е потребно.

22. Смејте се често, дури и на непознати.

23. Ако нешто мразите да правите, престанете.

24. Запишувајте за да не заборавите.

25. Бидете љубопитни. Не се плашете да научите нешто ново.

26. Немојте да се срамите. Комуницирајте и запознавајте нови луѓе.

27. Истражувајте нови идеи и можности.

28. Не се грижете што мислат другите за вас.

29. Поминувајте време со паметни луѓе кои го споделуваат знаењето и искуството.

30. Пијте вода кога сте жедни.

31. Не пишувајте пораки додека возите. Не пијте додека возите.

32. Немојте да јадете кога ви е здодевно. Јадете кога сте гладни.

33. Вежбајте секој ден. Или прошетајте.

34. Оставете ги работите кои не можете да ги промените. Концентрирајте се на оние кои можете да ги промените.

35. Сфатете дека колку повеќе работите, толку посреќни ќе бидете.

36. Следете го срцето. Не губете време за да исполнувате туѓи желби и соништа. Започнете од своите.

37. Созревајте, но немојте да растете брзо.

38. Поставете си приоритети и водете се од нив.

39. Направете нешто на кое ќе се гордеете.

40. Правете грешки, учете од истите, смејте се за нив и продолжете посилни напред!

Ние би додале – уживајте во едноставните мали задоволства кои ги нуди животот. Тие се бесплатни и подобри од сите оние кои можат да се купат со пари.

Би можело да ве интересира:

Излегувањето од дома е хорор и уште 9 маки во лето, низ забавни гифови Времето во лето е навистина идеално доколку се наоѓате покрај некоја плажа или и...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
Фото-докази дека Сингапур е како земја oд друга планета (и навистина кул место за живот) Лулашки во парк за инвалидска количка, капсули за спиење во универзитетски библи...
6 знаци дека продуктот што го купувате е евтина копија, а не оригинал Пазарот е преполн со евтини копии на познатите брендови, што можете да ги најдет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Еден човек со сон е еднаков на деведесет и девет кои само покажуваат интерес!
Непознат автор