Топло бело чоколадо

toplo-belo-cokolado-povekjeТоплото чоколадо е едно од најслатките зимски задоволства. Белото чоколадо особено ќе им се допадне на оние кои како мали ја јадеа само белата...


...половина од еурокремот, но и на останатите кои сакаат мала промена од стандардниот темен пијалок.

toplo-belo-cokolado

Потребно за 600 ml топло чоколадо:

  • 250 ml слатка павлака
  • 100 грама бело чоколадо
  • 300 ml млеко

За посилен вкус ставете уште 100 грама бело чоколадо, а ако сакате погуст пијалок користете двојно помалку млеко.
По вкус: неколку капки екстракт од ванила, цимет, мускатно оревче...

Ставете ја слатката павлака во длабок сад (препорачливо на пареа) и во неа топете го чоколадото со постојано мешање додека не почне да врие. Тргнете го од рингла, додајте ванила и зачини по желба, промешајте и додајте го млекото. Вратете го садот на рингла да зоврие уште еднаш, повремено промешувајте.

По желба украсете со шлаг, рендано чоколадо и цимет. Се служи врело.

Уживајте! 

Би можело да ве интересира:

6 работи кои никогаш не треба да ги правите пред спиење, особено во лето Експерти советуваат спалната соба да се резервира исклучиво за спиење и секс, па...
7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете Се плашите да зависите од другите луѓе, не сакате да зборувате за сопствените ем...
Какви критериуми требало да исполнуваат актерките во златната ера на Холивуд? Што е гламур? Може ли овој концепт да се сфати одделно од начинот на животот и, ...
Вo Македонија „промајата“ е опасна по здравјето – Необични верувања и бон-тон правила во европските ... Во Италија е „зло“ да ставите пармезан на пица, додека во Албанија е нормално да...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Доколку имаш намера да зборуваш, секогаш запрашај се - точно ли е, неопходно ли е, добро ли е?
Гаутама Буда (563-483 пр.н.е.)