Мерцедес инспириран од охридска пастрмка

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-povekjeАпостол Тноковски е македонски индустриски дизајнер, роден 1982 година во Скопје. Неговите дизајнерски концепти се многу инвентивни и оригинални.


При креирањето на концептите тој често користи органски форми, а инспирацијата за својата работа ја црпи од водниот свет.

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-7

Во изминативе неколку години неговите концепти се објавени во многубројни интернационални магазини како Vogue, Playboy, FHM, National Geographic, Laptop Magazine, Le Grand Mag, Rich Style...

Она што е карактеристично за мене како дизајнер е тоа што моите концепти се најчесто органски и инспирирани од водниот свет. При креирањето на овој концепт сакав да внесам свој личен печат со користење на органски (флуидни) форми, но во исто време како предмет на инспирација сакав да искористам нешто што е карактеристи-чно за Македонија. По мало истражување одлучив како предмет на инспирација да ја земам нашата позната Охридската пастрмка.“ - вели Апостол за својот концепт наменет за натпреварот за дизајн организиран од Мерцедес Македонија.

Откако се одлучив што ќе биде предмет на анализа и на што ќе се темели формата на концептот, веднаш прејдов на наредната фаза која се состоеше од темелно скицирање,а потоа и стилизација и поедноноставување на скиците со цел да дојдам до форма која би можела да прерасне во автомобилски концепт.

МERCEDES - SLK APHELIOS е футуристички спортски автомобил, инспириран од Охридска пастрмка. На концептот му го додадов предзнакот SLK бидејќи сметам дека во блиска иднина одлично би се вклопил во истоимената спортска линија на Мерцедес. Специфична за овој концепт е флуидната линија која дава чувство на моќ и брзина, а во комбинација со мат-сребрената боја јасно асоцира на предметот на инспирација.

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-1

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-2

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-3

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-4

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-5

mercedes-inspiriran-od-ohridska-pastrmka-6

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно. Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот.
Шила Греам