Масакрирани 80.000 кучиња заради EURO '12

masakrirani-80000-kucinja-zaradi-euro-12-povekjeБројни организации за заштита на животните ширум светот повикуваат на бојкот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина заради...


...одлуките на украинските власти во пресрет на првенството да ги „исчистат“ улиците од кучињата скитници.

„Подготовките“ започнале пред повеќе од една година, а до сега во Украина се убиени околу 80.000 кучиња скитници.

Александар Хирч, ветеринар од Австрија е активен член на меѓународната кампања Stop Killing Dogs. Тој вели дека се започнало наводно со писмо од УЕФА кое пристигнало во Украина:

- Ми рекоа дека од седиштето на УЕФА е пратено писмо во кое се наведува дека кучињата се проблем. Не пишувало дека решението лежи во нивно убивање, но нагласено било дека кучињата скитници не смеат да бидат на улиците за време на првенството. Локалните власти имале на располагање низа решенија: можеле да ги сместат во прифатилишта, да ги вдомат итн. Тие се одлучиле да ги убијат – изјавува Хирч

masakrirani-80000-kucinja-zaradi-euro-12-1

Огромен број на луѓе протестираа против убиството на кучињата во Украина. „Ловците“ велат дека ги убиваат затоа што имало раширено беснило.

Бруталноста на украинските власти го привлече и вниманието на хакерската група Anonymous која пратила јавна порака до УЕФА и спонзорите на Европското првенство во фудбал. Тие порачуваат дека за нехуманото убивање на кучињата виновни се Мишел Платини – претседателот на УЕФА, претседателот на Украина – Виктор Јанукович и компаниите кои го спонзорираат настанот.

Би можело да ве интересира:

Трансродна жена победи на изборот за Мис Холандија - на 11 години го промени името, а на 16 почна да... „Мислам дека бев родена во погрешно тело. Бев родена како машко, но сакав да бид...
Растурени кабли, смачкани делови, се верува дека има и човечки останки – Вознемирувачко видео од ост... Смачкани делови, растурени кабли прекриени со бели чаршафи – ова може да се забе...
Родителите го испратиле во друг град за да ги разделат: Детали за врската на Брижит и Емануел Макрон Поради возрасната разлика, Брижит и Емануел Макрон се соочиле со критики уште на...
„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон „Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое...
Како изгледа денес Меделин Стјуарт, еден од првите модели со Даунов синдром? „Сите ние сме луѓе и нашите разлики се она што го прави општеството толку убаво,...
„95% од моето тело е со псоријаза, порано се срамев, но никогаш повеќе нема да ја кријам кожата“ Една девојка храбро го сподели своето искуство за животот со тешка псоријаза, ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Секој од нас што ќе помине подалеку од препреките, ќе ја знае разликата во животот од тој период па натаму.
Џ. Стоун