Поучна приказна - Дете и песок

На мека песочна плажа едно 4 годишно детенце си играло со своите кофички. Со сериозен израз на лицето, ги вкопувало рацете во песок и ја полнело својата кофичка.

poucna-prikazna-dete-i-pesok-001.jpg

Ова го правело долго време и постојано се разочарувало зошто песокта му испаѓа од стиснатите дланки. Колку посилно стискал со шаката, толку повеќе песок се истурала меѓу неговите прстиња, а помалку стигнувала до кофичката.

Не би му помогнала ни сета насобрана лутина, ако не се сетило да ги претвори дланките во лопатки, па со отворени шаки успеало да собере многу повеќе песок отколку со стиснати.

Поуката до која дошло ова дете, е поука за животот.

Животот е како песок. Многу повеќе опстанува на отворени дланки, отколку во стиснати шаки. Кога сакаме да го сочуваме за себе, егоистично ги притискаме дланките, а тој токму тогаш почнува да тече и бега од нашиот стисок и раката останува празна.

Само кога го примаме животот со раширени раце и го споделуваме со драгите личности околу нас, само тогаш живееме правилно. Ако живеете на овој начин, сигурно сте си осигурале поголемо потомство отколку што има песок на морскиот брег.

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Постои прекрасен мистичен закон на природата дека трите нешта кои ни се најпотребни во животот - среќата, слободата и душевниот мир, секогаш ги постигнуваме ако му ги пружиме на некој друг.
Непознат автор