Какво значење имаат боите на ружите?

6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-povekjeКорпа, букет, само една ружа...ниту една жена нема да ги прими рамнодушно. Откријте која порака ја носи бојата на цветот кој ќе го добиете/подарите.


6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-1

Црвена: Љубов и романса
Еден од најуниверзалните симболи на љубовта е црвената ружа. Таа преставува искрени чувства, а се јавува и како политички и историски симбол. Секогаш е знак на искреноста.

6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-2

Жолта: Пријателство, радост, оздравување
Жолтата боја е во тесна врска со симболот на Сонцето, жолтите ружи имаат намера да ги расположат луѓето. Тие праќаат порака за платонска љубов, без романтичен контекст како другите ружи. Изборот на жолта боја преставува радост и задоволство.

6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-3

Розева: Љубов, благодарност, уживање
Розевата боја има конотација на елеганција и милост, поетична романтика. Темно розевата боја е одраз на благодарност, таа е традиционален начин некому со помош на цвеќе да му кажете „Благодарам“. Светлата нијанса значи негување на симпатија, восхитување.

6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-4

Бела: чистота, невиност, симпатија, духовност
Порано белата ружа била симбол на вистинска љубов, а сега е чест избор за правење на бидермаери, за венчавки. Белата преставува единство, чистота, радост на новата љубов. Белите ружи се поврзани и со чувството на чест и почит.

6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-5

Портокалова: Желба, ентузијазам, страст
Тие се израз на маѓепсаност и зборуваат: „Горд сум на тебе“. Портокаловите ружи се буквален микс на жолта и црвена, и по бојата и по значењето.

6-boi-na-ruzite-sto-misli-toj-koga-podaruva-buket-6

Виолетова: Љубов на прв поглед, величество, волшепство
Оваа боја се смета за кралска, благородничка боја. Ако добиете ружи со боја на лаванда да знаете дека вашиот избраник за вас мисли се најдобро, возвишено и прекрасно.

Би можело да ве интересира:

Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерув... Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. М...
5 популарни митови за врските во кои треба да престанете да верувате Среќните парови никогаш не се расправаат, а партнерите мораат да имаат исти инте...
Како да доживеам оргазам и одговор на уште 8 од најгугланите секс прашања Што да правам ако имам сексуално пренослива болест, како да доживеам оргазам, ка...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
На патот кон моето срце напишав „забрането минување“, но љубовта влезе смеејќи се и извика: „Јас влегувам секаде“.
Херберт Шипман