Што ви значи успехот?

sto-vi-znaci-uspehot-povekjeУспех е еден од оние концепти кои сите ние го разбераме, а сепак, во реалноста тоа значи нешто различно за секој поединец. Она што може да...


...претставува финансиско изобилство за едни, може да претставува сиромаштија за други.

Вашиот концепт да се биде во добра кондиција најверојатно не е иста како онаа на елитен олимписки спортист. 

Додека пливање 200m би можело да претставува ваш нов личен рекорд, за некого спремен да го преплива Ла Манш, тоа е речиси ништо.

sto-vi-znaci-uspehot

Идентификувајте што значи успех за вас!

Да се биде успешен во секој потфат, првото нешто што треба да се направи е да се идентификува што значи успех во таа област лично за Вас. 

Вашиот модел на достигнување ќе ја следи вашата дефиниција. 

Многу луѓе се фокусираат да бидат успешни во само една област од нивниот живот, како што се оносите со другите или бизнисот.

 Тоа е веројатно причината зошто е толку вообичаено да се видат оние кои се многу успешни во една област да имаат потешкотии во другите.

На пример, работохоличарите обично имаат не толку добро семејно живеење. Сите на работа може да ги гледаат како исклучително успешни, но дали така и нивните семејства ќе чувствуваат?

Од другата страна на спектарот би можело да се најде многу посветен семеен човек кој е прекрасен сопруг и татко, но се бори да врзе крај со крај. 

Додека тој успеал во област која работохоличарот потфрлил, неговото остварување веројатно нема да му донесе многу признание од бизнис заедницата.


Поширока дефиниција за успешност

Кога се мисли на живеењето на еден навистина успешен живот, се зборува за успех во многу различни области. 

За тоа да биде реалност, непобитно е дека треба да се дефинира што значи да се успее во секоја од овие области, а потоа се анализира како успехот во таа област може да придонесе за успешност во другите области.

Ова е единствениот начин на кој може да се процени напредок без фрлање сè друго надвор од рамнотежа.


Аспекти на “
синергетска успешност

Кои области на животот значат најмногу за вашата поширока верзија на успешност? 

За да се чувствувате како сосема успешна личност, кои елементи ќе треба да бидат вклучени? 

Ако сте подготвени да одвоите време и всушност да ја дефинирате вашата лична визија на еден успешен живот, тогаш можете да го дизајнирате планот кој придонесува за таа визија. 

Ако го игнорирате овој чекор, може да завршите со запоставување на најважните области на вашиот живот во извршување на привидение.


Како да се измери успехот?

Луѓето имаат тенденција да го мерат успехот од резултатите што можат да се видат. За жал, многу луѓе сметаат дека материјалното богатство е најточен показател за успешна личност. 

Кога барате знаци на успех, што гледате? 

Важно е да се сфати дека успешноста не е толку поврзана со тоа што го правиме, но со тоа што ние постануваме. 

Прво, треба да успееме во внатрешноста, во нашите умови, а потоа ќе можеме да станеме успешни и од надвор. 

Па пред да одите и да го бркате ковчегот со златници на крајот на виножитото, зошто да не одвоите време и дознајте што точно значи успех за Вас?

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди доволно голем да им служиш на другите луѓе.
Клод Пепер (1900-1989)