7 факти за најслаткото задоволство - чоколадото

Чоколадни срца се класичен подарок за денот на вљубените. Иако чоколадите денеска се достапни на секој агол, некогаш биле резервирани исклучиво за нежните кралски непца.

7-fakti-za-najslatkoto-zadovolstvo-cokoladoto-001.jpg

Ова се 7 интересни факти за чоколадниот пат од дрвото па се до продавниците:

1. Чоколадото се добива од мешавина на какао и одредена количина на шеќер. Какаото расте во тропските шуми и прашуми на Америка. Стеблата на какаото почнуваат да ги даваат првите плодови дури после 5 години, а најголемите приноси ги даваат со 10 години старост.

2. Плодовите со облик на топка за американски фудбал, во себе обично содржат педесетина зрна какао. За производство на 30 грама млечно чоколадо потребни се 4 зрна, а за иста количина темно чоколадо – 12.

3. Откако ќе се извадат од плодовите, зрната се пржат и им се отстрануваат лушпите. Потоа повторно се греат на високи температури за да се претворат во густа маса – какао паста. Потоа на пастата се додава шеќер и млеко. Според стандардите млечното чоколадо мора да содржи 10% какао паста, а темното - 35%. Белото чоколадо во себе не содржи какао, но мора да содржи минимум 20% какао путер и не повеќе од 55% шеќер.

4. Откако смесата ќе се излади и спакува, се праќаат во различни држави во светот, како на пример во Швајцарија каде се доработуваат, обогатуваат и подготвуваат за конечна продажба. Просечен Американец годишно јаде околу 5,5 килограми чоколадо, додека просечен Швајцарец околу 10 килограми.

5. Чоколадото најмногу се јаде во Европа, а оваа навика потекнува од раниот 18ти век кога Европјаните уживале во ова штотуку откриено слатко задоволство. 15 од 16 земји кои се лидери во консумација на чоколадо се сместени на стариот континент.

6. Неколку истражувања покажуваат дека умерена консумација на чоколадо, особено она поквалитетно со поголема количина какао, има позитивно влијание на здравјето на срцето и крвните садови, а го намалува ризикот од срцев и мозочен удар за високи 39%.

7. Научниците сè уште не можат да се договорат дали чоколадото е афродизијак или не. И додека тие се расправаат, народите од подрачјето на Мексико и Средна Америка консумираат чоколадни пијалаци со оваа цел веќе 1000 години наназад.

Легендата вели дека славниот Казанова јадел чоколадни слатки за да биде подобар љубовник, а Маркиз Де Саде бил толку страствен љубител на чоколади што сопругата тајно му ги внесувала додека бил во затвор.

Кој е вашиот сладок омилен специјалитет? Споделете рецепт за вашиот десерт овде!

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ја чувствуваме како што ја чувствуваме топлината на крвта, ја дишеме како што го вдишуваме воздухот, ја носиме во себе како што ги носиме нашите мисли... таа е состојба која не може да се искаже, а се пишува со пет букви...
Ги Де Мопасан (1850-1893)