Ново поглавје во животот на CRNOBELO.com

novo-poglavje-vo-zivotot-na-crnobelocom-povekjeОд вчера започнавме ново т.н. „поглавје“ во животот на CRNOBELO.com – форум. Јас учев средно во Корчагин. Во тоа време акутелен беше форумот...


...на веб страната на РЈК. Се пишуваше и оговараше за сè и сешто.

Во овој период живна комуникацијата меѓу класовите. Поедноставно се организираше кафана, се споделуваа прашања од тестови, се создаваа нови пријателства… убави спомени...но, да се вратиме на темата.

Зошто ние се решивме за форум?

Она што ни е важно е комуникацијата со вас – нашите редовни посетители, читатели, критичари. Сега, освен преку коментари на статиите и e-mail имате можност да бидете дел од CRNOBELO.com и преку форумот.

На форуми се стекнуваат нови пријателства, знаења, интереси, се раѓа по некоја љубов, се споделуваат мислења, се критикува околината, се даваат совети, фидбек, се поминува слободното време.

novo-poglavje-vo-zivotot-na-crnobelocom

Дури и во среде ноќ кога немате со кого да се дружите, сигурни сме дека ќе најдете друштво овде.

За почеток одбравме неколку актуелни теми кои ќе се прошируваат секојдневно и со ваша помош.

Однапред ви благодариме на поддршката и се надеваме дека ќе создадеме катче каде секој ќе сака да сподели дел од своето скапоцено време.

Регистрирајте се и станете почесен член овде: http://forum.crnobelo.com/ Cool

Од срце,

Тимот на CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Британка го имитира стајлингот на ѕвездите: Со чаршав и селотејп го направи фустанот на Тејлор Свифт... Фустанот на Тејлор Свифт од Греми 2024 го направи од чаршаф и исечоци од модни с...
Најстрашните киднапирања некогаш - Ја држел затворена во ковчег 7 години, а таа го обожавала Киднапирана девојка била чувана во ковчег по 23 часа дневно, друга во подрум врз...
5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации „Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта го гледа невидливото, го допира неопипливото и го остварува невозможното.
Непознат автор