Секоја вечер е Нова година!

sekoja-vecer-e-nova-godina-povekjeШто правевте за Нова година? Работевте? Не си поминавте убаво? Купивте скапо фустанче и немате прилика каде пак да го облечете? Би сакале ли...


...уште една шанса за пречек на оваа година? Нема да ви треба временска машина, единствено ќе треба да стигнете до ноќниот клуб Purga во Русија.

На ова место секоја ноќ е новогодишна, а идејата е толку популарна што по Санкт Петербург, се отвори Purga клуб и во Москва.

sekoja-vecer-e-nova-godina-1

sekoja-vecer-e-nova-godina-2

Заедничката еуфорија и празничната атмосфера се најубавите нешта кај дочекот на следната година, а со забавите во Purga го добивате токму тоа без дополнителни трошоци како купување подароци и украсување на домот.

Овде секоја вечер одново се создава новогодишната возбуда со многу празнични декорации, весели костими, интересни игри, караоке натпревари и неколку професионални актери ангажирани да ги развеселат присутните. Освен со Дедо Мраз, шампањ и жижици атмосферата се дополнува и со пуштање на новогодишната ТВ честитка од Путин.

Па ако е потребно да се слави Нова година за сите лица во клубот да бидат насмеани, опуштени и пријателски расположени се надеваме дека вакви лажни прослави ќе започнат и кај нас во Македонија.

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 од најтесните и најмалите музеи низ светот (еден е во Македонија) Овие најмали музеи во светот можеби ја немаат големината и обемот на нивните пог...
15 екстремно скапи работи во Дубаи, кои (најверојатно) можете да ги видите само таму Позлатени автомобили, роботски трки со камили и „банкомати“ за злато – во Дубаи ...
7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано им...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат св... Женските деца се сметаат за товар, па често и се убиваат додека се бебиња, се ск...
Приказна што трогнува: Маж од Турција 24 години ја чека изгубената љубов на автобуска постојка Оваа љубовна приказна ги допира сите души предизвикувајќи огромен број емоции ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Сè додека си жив продолжи да учиш како да живееш.
Сенека (55 пр.н.е. - 40 пр.н.е.)