3 природни енергетски пијалаци

3-prirodni-energetski-pijalaci-povekjeНајдобрите витамини се во природен облик. Оставете ги апчињата и префрлете се на цедењето овошје и зеленчук. Ставете се во блендер...


...миксирајте, играјте си и уживајте во новите вкусови.

Енергетски бум

Потребно е:

150g јаболка, 120g моркови, 6 ливчиња босилек, 200ml сок од портокал, 500ml кефир, 1-2 лажичиња мед.

Подготовка:

Исчистениот морков изрендајте го, а излупените и исчистени јаболка ситно исечкајте ги. Јаболката, морковот, листовите од босилек, сокот од портокал, кефирот и медот ставете ги во блендер и добро иситнете ги. Добиениот густ сок разлијте го во чаши и послужете го.

3-prirodni-energetski-pijalaci-1


Густ сок од јаболка

Потребно е:

5 лажици павлака, 4-5 лажици шеќер, 2 лажици лимонов сок, 5 јаболка, 4dl вода, 2 лажици ореви.

Подготовка:

Неизлупените  јаболка изрендајте ги, потоа измешајте ги со павлаката, шеќерот и лимоновиот сок. Додајте исцедена превриена вода и мелени ореви. Добро измешајте, разлијте во чаши и послужете.

3-prirodni-energetski-pijalaci-2

Црвен пијалак

Потребно е:

500g цвекло, 1kg јаболка, лимон, вода

Подготовка:

Излупеното цвекло изрендајте го и ставете го во блендер, додајте малку вода и иситнете го. Потоа низ газа исцедете за да се добие сок. Излупените јаболка исечкајте ги, ставете ги во блендер , испасирајте и исцедете преку газа. Составете ги двата сока и додајте им сок од лимон.

Би можело да ве интересира:

Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
Како да се заштитите и разладите за време на топлотен бран? Знаевте ли дека лутата храна може да ви помогне да се разладите? Како да ги преж...
За првпат по 50 години ја има и во Италија – Како да се заштитите од колера? Се смета дека во модерните земји е целосно искоренета, но сепак по 50 години во ...
За родители и наставници: 6 работи што можете да ги направите за подобро на менталното здравје на ти... Адолесценцијата е клучна фаза од развојот што носи уникатни предизвици за тинејџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Патувањето од илјада милји почнува со еден единствен чекор.
Лао Це (6-ти век пр.н.е.)